(ВИДЕО) Заев: Изградбата на булеварот „Гоце Делчев“ во Прилеп е неспоредливо позначаен за граѓаните од многуте споменици од Скопје 2014 за кој се потрошија 800 булевари

На прашање на новинарите дека опозицијата обвинува дека 1 милион евра е висока цена за изградбата на булеварот „Гоце Делчев“ во Прилеп што денеска беше пуштен во употреба, претседателот на Владата на Северна Македонија Зоран Заев истакна дека е неспоредливо кога ваквите проекти од најголем интерес на граѓаните се гледаат во споредба со непродуктивните трошења на парите на граѓаните што ги правеше ВМРО-ДПМНЕ.

„Овој булевар е 800 пати поевтин од Скопје 2014, и 60 пати поевтин од имотот на ВМРО-ДПМНЕ кој што е над 60 милиони евра. Поевтин е и од лавот во Скопје за кој беа платени 1,4 милиони евра или од златните огради во Скопје од 1,8 милиони евра. Тоа се пари и на прилепчани. Овој булевар, со својата подземна инфраструктура, со по две коловозни ленти во двете насоки, со зелениот појас, со велосипедска патека и писта од шеталиште долж булеварот во срцето на Прилеп, е изграден на конкурентска основа, со заштеда за кој наместо 36 милиони денари е набавен за 22 милиони. Ова е вековита градба. Ова останува на сите идни генерации и е неспоредливо со многу од спомениците од Скопје 2014. За жал, само такви се споредбите што можеме да ги направиме“, нагласи премиерот Заев.

Заев најави дека продолжува поддршката на општините и во таа насока ги најави новите проекти во Прилеп што ќе бидат поддржани од Владата.

„Сакам да најавам дека во овој момент се трансферираат 4,5 милиони денари за изработка на проект за театарот кој што следната година ќе почне да се гради во Прилеп, 6 милиони денари ќе бидат издвоени за кејот „1 мај“, уште 54 милиони денари за два проекти за реконструкција на главниот цевковод на водоводот од Пашалиска ливада до главната шахта во Прилеп и за водоснабдување за манастирот Трескавец. Во март месец ќе започне изведбата на автопатското решение Прилеп-Битола, вреден 100 милиони евра. Следната година започнува и секундарната гасификација на Прилеп затоа што помина првата фаза за која имаме понуда од две големи компании и Прилеп е меѓу првите градови затоа што тука веќе е готова главната цевка од магистралниот гасовод. Интензивно се работи на патот Велес-Кавадарци-Прилеп преку Дреново“, соопшти премиерот Заев и додаде дека е вредно да се инвестира во такви инфраструктурни проекти. Тука да одат парите на граѓаните затоа што таа инфраструктура е трајна придобивка која решава огромни проблеми на граѓаните, обезбедува работа за домашните компании кои од таквите проекти даваат плата и имаат инвестициска можност од која што се враќаат парите назад во Буџетот ќе продолжи поддршката за изградба на проекти во Прилеп и низ сите општини во цела Република Северна Македонија.

Link with us
Game bài đổi thưởng