(ВИДЕО) Заев кон Ковачевски и новите министри: Работете во интерес на граѓаните

На новиот премиер Димитар Ковачевски и на министрите им посакувам успех во работата и исполнување на програмата и приоритетите на новата Влада за наредниот период, работејќи исклучиво за интересите на граѓаните и на државата, напиша денеска поранешниот премиер Зоран Заев на својот фејсбук профил.

Тој денеска ги предаде функцијата и кабинетот на новиот претседател на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски. Примопредавањето на премиерската функција се одржа во Владата.

Новата Влада предводена од Ковачевски беше избрана синоќа во Собранието со 62 гласа „за“, 46 „против“ и без воздржани.

tải sunwin

sun win

tải sunwin

sun win

game sunwin