(ВИДЕО) Заев на средба со лидерот на СПД Германија, Борјанс: Силна и недвосмислена поддршка за европските интеграции на Северна Македонија

Претседателот на СДСМ Зоран Заев денеска во Берлин се сретна со лидерот на Социјалдемократската партија на Германија (СПД), Норберт Волтер Борјанс.

На средбата се разговараше за повеќе актуелни теми, како справувањето со пандемијата од Ковид 19, процесот на интеграција на Република Северна Македонија во ЕУ, како и за соработката меѓу Сојузна Република Германија и Северна Македонија.

Претседателот Заев се заблагодари за континуираната силна и безусловна поддршка на Германија кон Северна Македонија во делот на евроинтеграциите и изрази уверување дека таа ќе продолжи, а истовремено ќе се продлабочува и успешната соработка помеѓу СДСМ и СПД.

– Република Северна Македонија е горда што има сојузник и голем поддржувач во Германија, а СДСМ е горда што има партнер и пријател во СПД. Таквите успешни соработки треба да продолжат уште позасилено особено во овој период кога коронавирусот се уште е најголемата глобална закана. Ковид кризата не научи дека солидарноста и соработката се важни на сите нивоа. Тоа се и социјалдемократски вредности кои треба да ги зајакнеме и промовираме и на други полиња, порача претседателот Заев.

Лидерот на СПД, Борјанс ја реафирмираше заложбата на Германија за забрзување на интегративниот процес на Северна Македонија кон ЕУ, а средбата ја искористи и да упати честитки до претседателот Заев за добиената награда за човекови права која му ја додели Фондацијата „Фридрих Еберт“.

– Честитки за наградата, вие сте важна личност за борбата за човекови права и европската идеа, порача Борјанс.

tải sunwin

sunwin

game sunwin

tải sunwin

tải sunwin