(ВИДЕО) Заев на стартот на работите на атмосферска канализација во Шуто Оризари: Продолжуваме да поддржуваме трајни проекти за подобар живот на граѓаните

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев денеска се обрати на означувањето на почеток на работите на атмосферска канализација во Општина Шуто Оризари што се реализира со поддршка на еден дел од средствата од ТАВ кој концесионерот на аеродромите во нашата земја ги имаше предвидено за изградба на карго аеродром во Штип.

На настанот во Општина Шуто Оризари по тој повод говореа и градоначалникот на Шуто Оризари Курто Дудуш, и генералниот директот на ТАВ Метин Батак.

Во продолжение на ова соопштение ви ја пренесуваме изјавата на премиерот Заев во целост:

Општина Шуто Оризари е една од првите општини која започнува со реализација на инфраструктурниот проект за кој доби грант од средствата што концесионерот на аеродромите во нашата земја ТАВ, ги имаше предвидено за изградба на карго аеродром во близината на Штип.

Како резултат на одличната соработка и разбирање на кои наидовме кај менаџерите на ТАВ, поголемиот дел од сумата што беше предвидена за карго аеродромот, односно 35 милиони денари, се пренаменети и со овие пари ќе се финансираат 99 инфраструктурни проекти во 75 општини.

Станува збор за инфраструктурни проекти кои ќе го подобрат квалитетот на живеење за граѓаните. Поточно, средствата се наменети за изградба на водоводни мрежи, фекална и атмосферска канализација, реконструкција на локални патишта, доизградба на детски градинки, реконструкција на основни и средни училишта, резервоари за вода, системи за водоснабдување и останати проекти.

Еден од тие проекти започнува да се реализира денеска овде во Шуто Оризари. Станува збор за изградба на атмосферска канализација на улиците „Хаџи Јован Шишко“, „Брсјачка буна“, „Гарсија Лорка“ и улицата „Нов живот“.

Вредноста на проектот е 72.6 милиони денари и тоа е највисоката сума што ја добива една скопска општина.

За дел од улиците каде што ќе се поставува атмосферската канализација е планирана реконструкција за што веќе општината обезбеди средства преку Бирото за регионален развој.

Иако се определивме за политики за максимална децентрализација и самостојност на општините, ова е уште еден проект на локалната самоуправа кој добива поддршка од Владата и од нашите партнери соработници и од меѓународните финансиски институции во насока на развој на општините.

Продолжуваме да поддржуваме трајни проекти бидејќи изградбата на локалната патна инфраструктура, водоснабдителна мрежа, канализациони мрежи, реконструкција, изградба на градинки и училишта и спортски објекти, здравствени установи, се за подобар животот на граѓаните, за нови вработувања и економски развој.

И во оваа прилика, заедно со желбите за успешна реализација на овој проект до општината и градоначалникот Дудуш, уште еднаш ја изразувам благодарноста до ТАВ за разбирањето и соработката за реализација на овие проекти.

Link with us
Game bài đổi thưởng
    Tao không top thì mày khỏi top thug latn lêu lêu mãi yêu ^^ Trình anh không thiếu wwxx girl malout, anh thiếu con gà a đập anh vui