(ВИДЕО) Заев од Дојран: Дојран и Дојранското езеро се бисерот на македонскиот југ, а најдоброто за Дојран е Анго Ангов

Дојран и Дојранското езеро се бисерот на македонскиот југ и Дојран како и секоја друга општина го заслужува и го добива „Најдоброто“. А Најдоброто за Дојран е Анго Ангов и неговата Програма која нуди развој на сите населени места во оваа општина.

Четири години како централна и локална власт работевме посветено да го унапредиме квалитетот на живот во Дојран и да го унапредиме туризмот, најзначајната стопанска гранка за оваа општина. Тоа ќе продолжиме да го правиме и во следниот период.

Туристичката понуда овде во Дојран ја збогатуваме со капитален проект, со формирање и развој на автокамп „Николиќ“. Езерското крајбрежје во Николиќ и неговата околина одамна се познати по убавите плажи кои во минатото биле меѓу најпосетените места во Дојран. Време е да го вратиме тој сјај, преку формирање на авто-камп и кампинг зона за туристите.

Ова за Дојран ќе значи повеќе туристи, нови инвестиции, нови работни места за жителите од околните населени места и секако сериозен поттик на локалниот економски развој.

Затоа на 17 октомври да дадеме поддршка за „Најдоброто“, да гласаме за Анго Ангов и советничката листа на СДСМ, да гласаме за број 12 за да продолжи напредокот, да продолжи развојот на Дојран.

sun win

sun win

sunwin club sunwin sunwin tài xỉu

tải sunwin apk sunwin club sunwin tài xỉu

tải sunwin