(ВИДЕО) Заев од трибината „Најдоброто за нашата општина“ во Дебар: Да продолжиме со масовна вакцинација, следува попис, но и нови инвестиции за подобар економски стандард

Претседателот на СДСМ Зоран Заев на трибината под мотото „Најдоброто за нашата општина“ во Дебар нагласи дека периодот пред нас носи сериозни предизвици, а тоа се вакцинацијата, пописот и јакнењето на економските инвестиции.

Да продолжиме со вакцинација, сите да се вакцинираме, со тоа го штитиме своето здравје и здравјето на нашите роднини и пријатели. Ова зло не е искоренето, но ние сакаме да биде под контрола, како сега да можат децата наесен одат научилиште, рече претседателот Заев.

Во септември ќе направиме попис на граѓаните, на еднакви граѓани, на сите, и воопшто не ми е гајле колку се Македонци, Албанци, Турци, Роми Власи, Бошњаци, тоа се граѓаните на Северна Македонија, истакна Заев додавајќи дека во периодот пред нас следува поттикнување на важни економски процеси.

Отворивме интервентен план за инвестиции, кој е димензиониран насекаде низ државата. Н0а една милијарда од ЕУ, која и припаѓа на Северна Македонија додадовме уште 7, со кои ќе го дигнеме севкупниот економски стандард на државата, нагласи претседателот Заев.

Ќе има уште повеќе инвестиции, Северна Македонија конечно е сигурна и стабилна земја под закрила на НАТО, продолжуваме понатаму да инвестираме во инфраструктура, тоа е предуслов за нови инвестиции, со ТАВ програмата градиме водоводи и канализации. За 26 години се изградни 17% канализации во државата, за 4 години го кренавме тој процент на 34 процент, рече Заев, додавајќи дека ќе продолжиме понатаму бидејќи има пари во државата, но во минатото оделе во глупости.

Само со јакнење на економскиот капацитет и стандард на сите граѓани во државата ќе ги мултиплицираме економските ефекти за раст и развој на сите во Северна Македонија, порача претседателот на СДСМ Зоран Заев на трибината под мотото „Најдоброто за нашата општина“.

Link with us
Game bài đổi thưởng