(ВИДЕО) ЗАЕВ СЕ ВАКЦИНИРАШЕ СО КИНЕСКАТА „СИНОФАРМ”

Заев кажа дека ја примил вакцината која што била на располагање кога му дошол редот. (Фото: К. Попов)

Премиерот Зоран Заев денеска во скопската сала „А1 арена Борис Трајковски” се вакцинираше со кинеската вакцина „Синофарм”. Заев кажа дека ја примил вакцината која што била на располагање кога му дошол редот, согласно националниот план за имунизација.

„Се чувствувам добро и ќе ги продолжам работните обврски. Ги повикувам граѓаните да се пријават за вакцинација за да може летово што поголем број лица да бидат имунизирани”, рече Заев.

Досега во земјава се вакцинирани 74.076 граѓани, а согласно последните бројки 25% од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина. Вчера се аплицирани 9.123 вакцини од кои 7.963 прва доза, а останатите ревакцина.

Link with us
Game bài đổi thưởng