(ВИДЕО) Заев за проширувањето на ЕУ во Блед: Европа е нашето семејство и очекувано е семејството да ја прифати Северна Македонија која е во срцето на континентот

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев денеска зеде учество на лидерскиот панел на Бледскиот стратегиски форум посветен на темата „Иднината на Европа – Проширувањето“.

На панелот, на кој зедоа учество премиерот на Словенија Јанез Јанша, членовите на Претседателството на Босна и Херцеговина Жељко Комшиќ и Шефик Џаферовиќ, еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји, премиерот на Полска Матеуш Моравјецки, премиерот на Косово Албин Курти, премиерот на Албанија Еди Рама, претседателот на Бугарија Румен Радев и Кристијан Шмит како специјален претставник за Босна и Херцеговина, беше споделена согласност дека проширувањето на ЕУ со земјите од Западен Балкан е придобивка и за Европа и за регионот.

Премиерот Заев во дебатата на панелот истакна дека Европа е нашето семејство и очекувано е семејството да ја прифати Северна Македонија која е во срцето на континентот.

„За нас ЕУ нема алтернатива. Ситуацијата на Северна Македонија е како кога некој сака да биде прифатен од некое семејство на кое отсекогаш му припаѓа, а Европа е нашето единствено семејство. Ние ќе продолжиме понатаму да ја оствариме нашата определба да станеме следна членка на ЕУ за која што нема алтернатива“, потенцираше премиерот Заев.

Претседателот на Владата на Северна Македонија Зоран Заев потсети дека нашата земја е веќе 16,5 години земја кандидат и земја која го потпиша Договорот за стабилизација и асоцијација во 2001 година веднаш после Словенија, а пред Република Хрватска.

„Ги спроведовме сите реформи предвидени во пристапната фаза за членство во ЕУ, како и сите критериуми утврдени согласни процедурите за проширување на Брисел. Имаме 12 препораки и конечна препорака на Европската комисија со Европскиот совет дека земјата може да ги почне преговорите за членство со организација на првата меѓувладина конференција. Имаме одлични односи со соседите и ги надминавме отворените прашања со што ни се отворија вратите за да бидеме 30-та членка на НАТО. Имаме функционално мултиетничко општество кое ги доби сите признанија и се препознава како модел и пример за другите, и се надевам дека конечно ќе ги започнеме преговорите по поглавјата за членство во ЕУ“, нагласи премиерот Заев на лидерскиот панел „Иднината на Европа – Проширувањето“ на Бледскиот стратегиски форум во Словенија.

Премиерот Заев говореше и за иницијативата „Отворен Балкан“ за која рече дека е иницијатива посветена на соработката меѓу земјите од регионот за да ги постигне европските стандарди за квалитетен живот за граѓаните и за одржување на мотивацијата за остварување на членство во ЕУ.

Воведно обраќање на лидерскиот панел „Иднината на Европа – Проширувањето“ на Бледскиот стратегиски форум имаше претседателот на Словенија Борут Пахор кој истакна дека оваа година форумот е специјално посветен на земјите од Западен Балкан и укажа дека регионот е дел од Европа и дека треба да активно да учествува во проширувањето на ЕУ и дека одложувањето на проширувањето ќе предизвика сериозни последици.

Словенечкиот претседател потенцираше дека проширувањето на ЕУ со Северна Македонија и Албанија не е само политичка, туку морална обврска за Брисел и заради фактот што Република Северна Македонија направи сѐ што беше неопходно, а ЕУ за возврат не испорача ништо.

Link with us
Game bài đổi thưởng