(ВИДЕО) ЗАСТРАШУВАЧКИ СЦЕНИ НА НАТПРЕВАРОТ ДАНСКА – ФИНСКА, ФУДБАЛЕРОТ ЕРИКСЕН СЕ НИЧКОСА НА ТЕРЕН ОД СРЦЕВ УДАР, НО ЛЕКАРИТЕ ГО ВРАТИЈА ВО ЖИВОТ

Славниот фудбалер на Данска, Крисијан Ериксен кој оддеднаш колабираше на натпреварот од Европското првенство со Финска во Копенхаген е жив. Многубројниот медицински тим повеќе од 10 минути се бореше за неговиот живот, успешно го реанимираше.

Сепак, како што се виде од камерите, сцените беа застрашувачки. Прво се повлекоа Финците теренот, а потоа и судиите кои беа видно вознемирени додека Ериксен на почетокот воопшто не даваше знаци на живот.

Медицинскиот тим, како што наведуваат и медиумите, најверојатно употреби и дефибрилатор, за да може со електрични шокови да го повратат. Покрај него беше и неговата сопруга, соиграчите на капитенот Кјер и голманот Шмајхел.

Link with us
Game bài đổi thưởng