ВИСТИНОМЕР – КРАЛОТ НА ЛАЖНИТЕ ВЕСТИ ПАК ИЗЛАЖА, МИЦОТАКИС НЕ МУ ПОСТАВИЛ НИКАКВИ УСЛОВИ НА ЗАЕВ ЗА ВЛЕЗ НА ЗЕМЈАВА ВО ЕУ!

Порталот ЕКСПРЕС.МК кој е под уредничка а веројатно и сопственичка палка на кралот на лажните вести Горан Момировски, пак фатен во ширење лажни вести. Еве што вели сервисот за проверка на факти ВИСТИНОМЕР:

Манипулативен и сензационалистички напис што се споделува на Фејсбук дезинформира оти „Катимерини открил дека Мицотакис му поставил услови на Заев за ЕУ“. Но, никаде во текстот на „Екатимерини“, и во тој што е објавен на англиски јазик и во оригиналниот на грчки јазик, не се спомнуваат „четири кумулативни услови“. Ова е додадено во написот на „Експрес“, без притоа да има каква било потврда дека ова е вистина и како е донесен овој заклучок. Нема никакво дополнително објаснување ни за тоа кои се овие четири наводни услови

Текст со сензационалистички и ударен наслов кој тврди дека грчкиот премиер, Киријакос Мицотакис му поставил услови на македонскиот премиер, Зоран Заев за влез во ЕУ, ја манипулира јавноста. Написот е споделен и на социјалната мрежа Фејсбук каде има добиено голема видливост.

Во објавениот напис, се цитира извештајот којшто го објавил грчкиот весник „Екатимерини“ за неодамнешната средба на грчкиот и македонскиот премиер во Атина. Но, во дел од написот се тврди нешто што не може да се најде во оригиналниот напис објавен од „Екатимерини“:

Македонските власти до сега не открија дека Атина има четири кумулативни услови кои мора да се исполнат за безбеден пат до ЕУ за што е заинтересирана Атина.

Иако кога се чита целиот текст, се добива впечаток дека и овој пасус е дел од објавата на „Екатимерини“, тоа не е вистина. Ниту се поставени некакви четири кумулативни услови, ниту „Екатимерини“ известува за такво нешто.

Никаде во текстот на „Екатимерини“, и тој што е објавен на англиски јазик и оригиналниот на грчки јазик не се спомнуваат „четири кумулативни услови“. Ова е додадено во написот на „Експрес“, без притоа да има каква било потврда дека ова е вистина и како е донесен овој заклучок. Нема никакво дополнително објаснување ни за тоа кои се овие четири наводни услови.

Освен тоа и насловот е манипулативен и сензационалистички. Во него се тврди дека „Катимерини открил дека Мицотакис му поставил услови на Заев за ЕУ“. Такво нешто нема. Кога ќе го прочитате насловот на овој текст објавен на социјалните мрежи, прво нешто што ќе помислите дека има некакви конкретни услови досега непознати за јавноста. Тежина на насловот му додава и зборчето „открил“, како да се работи за нешто ново, а текстот нема никаква врска со какво било откривање.

Она, пак, што е познато во јавноста е дека Мицотакис на средбата побарал од Заев почитување на Договорот од Преспа и исполнување на неговите одредби. Нешто што беше јасно и досега и неколку пати споделено со јавноста. Не е ниту нешто ново, ниту некое ново откритие на грчкиот весник.

Link with us
Game bài đổi thưởng