ВЛАДА: 28-ми, вторник, е меѓународен ден на Бошњаците и неработен ден за Бошњаците

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно со Законот за празниците на РМ („Службен весник на РМ„ бр.21/98 и 18/07), 28 септември 2021 година (вторник), Меѓународниот ден на Бошњаците е неработен ден за граѓаните припадници на бошњачката заедница во Република Северна Македонија.

Министерството за труд и социјална политика на граѓаните припадници на бошњачката заедница им го честита Меѓународниот ден на Бошњаците.