ВЛАДА: Решенијата за изолација ќе бидат испорачани до граѓаните преку веб платформа со целосна заштита на личните податоци и без нивно јавно откривање

Државниот здравствен и санитарен инспекторат, во консултација со Министерството за здравство, со Агенцијата за заштита на личните податоци и со Владата го изготвува дигиталниот модел за испорака на информациите и решенијата за изолација до граѓаните заради утврдена инфекција или заради контакт со позитивен од КОВИД-19.

Моделот подразбира дека секој граѓанин кој има потреба да дојде до сопственото решение ќе има пристап преку веб-страна единствено до своето решение за изолација без да има увид во податоците на другите граѓани на кои им е издадено решение за изолација.

За постапката за пристап до решенијата која ќе се одвива преку веб платформа, граѓаните ќе бидат навремено информирани во рокот утврден за примена на новиот начин на испорака на решенијата за изолација до граѓаните.

sunwin

sunwin.apk mới nhất sunwin apk sunwin tài xỉu

sunwin

sun win

sun win