ВЛАДА: Се фокусираме на добро владеење и реализација на инфраструктурни проекти

Вицепремиерите во Владата на Северна Македонија денеска ги презентираа нивните остварувања во првите 100 дена од нивниот мандат.

На Форумот 100 дена Влада, низ форматот прашања и одговори, првиот заменик на претседателот на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби истакна дека во овој отчетен период лајтмотив за Владата беше стабилноста која се остварува со партнерство со НАТО, ЕУ и Соединетите Американски Држави.

Стабилноста за оваа Влада, е и грижата за заедничкиот живот на сите етнички заедници во земјата, и социјалниот мир на кој како акцент беа ставени мерките што беа донесени во првите 100 дена од мандатот.

„Целото време во првите 100 дена се фокусиравме и на најважните инфраструктурни проекти на Коридорот 8. Наскоро, по изборот на консултант, со компанијата Бехтел ќе биде потпишан договорот според кој на почетокот на јули, ова лето, ќе започнат работите на автопатните решенија од Коридорот 8 и Коридорот 10А“, посочи првиот вицепремиер Артан Груби, и посочи дека во капиталните инфраструктурни проекти во последните две години се вложени повеќе од 2 милијарди евра.

Заменик-претседателката во Владата задолжена за политики за добро владеење Славица Грковска на настанот посветен на првите 100 дена од работата на Владата се осврна на доброто владеење, транспарентноста и отчетноста и истакна дека тие остануваат патоказ во сите сфери на работењето како приоритет на Владата.

„Креирање и имплементирање на политики за добро владеење мора да бидат императив, ако сакаме да обезбедиме професионалност, ефикасност и транспарентност во функционирањето и целокупен општествен напредок. За креирање на успешни политики на добро владеење неопходна е меѓусебна соработка со сите засегнати страни. За таа цел со нашите меѓународни партнери, граѓанскиот сектор и надлежните институции, како што се Државната комисија за спречување корупција, Државниот завод за ревизија, Бирото за јавни набавки и Инспекцискиот совет, координирано работиме на детектирање на слабостите и на креирање на решенија за нивно надминување“, нагласи вицепремиерката задолжена за политики за добро владеење Грковска.

Таа потенцираше дека во првите 100 дена е унапредена транспарентноста во сите области, особено на трошењето на буџетските средства.

„Медиумите, граѓаните, невладиниот сектор мора да имаат брзи и лесно пристапни информации за тоа како се спроведуваат јавните набавки. Тоа овозможува зголемена контрола, но и поголема транспарентност во трошењето на јавните пари“, истакна заменик-претседателката во Владата задолжена за политики за добро владеење Славица Грковска на настанот посветен на првите 100 дена од работата на Владата.

Вицепремиерот Битиќи, задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции говореше за покачувањето на минималната плата како историски важен чекор кој влијаеше и на растот на останатите плати.

„Само преку дијалог можеме да дојдеме до одржливи решенија. Заврши времето на договарања во четири очи. Во првите два месеци преку разговор, постигнавме покачување на минималната плата и нова методологија за пресметување на пензиите. Платите во јавниот сектор ќе растат, според членот 8а од Законот за минимална плата и за тоа имаме 6 месеци. Ги започнавме преговорите за изготвување на нов Општ колективен договор за сите вработени во јавниот сектор. Она што е најважно во овој процес а да добиеме системско решение и да го решиме ова прашање“, истакна заменик-претседателот задолжен за економски прашања и инвестиции Фатмир Битиќи.

(Сторијата продолжува по рекламите)

За активностите поврзани со имплементација на капитални проекти од стратешко значење за државата, Битиќи истакна дека е креирана Единица за следење на капитални инфраструктурни проекти.

„Развојот следи само со системски решенија, токму поради тоа ја креиравме и – Единицата за следење на капитални инфраструктурни проекти. Оваа единица ќе мониторира и следи реализација на стратешките капитални инвестиции во земјава со што ќе овозможува навремено детектирање и справување на сите тековни и потенцијални предизвици со кои се соочуваме при искористување на буџетот за капитални инвестиции. За нашите граѓани тоа ќе значи подобри и поквалитетни патишта, водоводи, железнички пруги, училишта, градинки, водоводи, канализации, прочистителни станици, брани, системи за наводнување и одводнување и многу други капитални објекти кои навремено ќе бидат планирани, буџетирани, проектирани и изведени“, нагласи заменик-претседателот задолжен за економски прашања и инвестиции Фатмир Битиќи на Форумот 100 дена Влада.

Вицепремиерот за европски прашања Маричиќ во овој дел од Форумот 100 дена Влада одговори на повеќе прашања со фокус на проширувањето на ЕУ со Западен Балкан и за напредокот во преговорите со Бугарија.

„Очекуваме Европската Унија да почне да зборува за иднината на проширувањето со конкретни чекори, што сигурно ќе даде нов тон на преговорите со Бугарија. Дијалогот останува на високо ниво и покрај неодамнешните случувања кои разбудија различни чувства кај нашите граѓани, кои несомнено имаат намера да ги стават на испит односите на двете земји и народи и да го отежнат процесот на преговори“, истакна заменик-претседателот на Владата за европски прашања Бојан Маричиќ.

Маричиќ говореше и за подготвеноста на државата за процесите на евроинтеграција кои ќе ни овозможат побрзо отворање и затворање на поглавјата за преговори.

„Како резултат на скоро дво-децениското спроведување на Спогодбата за стабилизација и асоцијација, според анализите на СЕП можеме да кажеме дека имаме околу 45% на усогласеност што е доста висока бројка ако се земе предвид дека се уште ги немаме започнато пристапните преговори. Согласно анализата на СЕП (која се прави врз основа на стандардизирана Методологија) вкупната подготвеност кумулативно за сите години наназад по кластери, недвосмислено покажува дека Северна Македонија има најголема подготвеност во регионот (со средна оценка од 3,02) во областите и поглавјата од Кластерот 1 Темели“, нагласи Маричиќ.

Link with us
  • sunwin sập sunwin
  • rik vip rikvip com games
  • go88 login go88 go88 không vào được
Game bài đổi thưởng