Владата и партиите од албанската опозиција постигнаа договор за Законот за државјанства

Според информациите од преговарачките тимови, доволно ќе биде барателот да поднесе извод од матична книга, свидетелство или диплома, доказ од платен данок, сметки или пасош од поранешна СФРЈ. Познавањето на македонски јазик останува задолжително, вели премиерот Заев, за барањето на Алијанса и Алтернатива кои претходно предложиле државјанство да може се земе со познавање само на албанскиот јазик.

Следната недела законот ќе влезе во собраниска процедура, а со тоа ќе бидат повлечени и амандманите на другите закони кои албанската опозиција ги поднесе во знак на револт.

-Мислам дека следната недела законот ќе се достави во Собрание и после зависи од претседателот на Собранието Џафери кога ќе го стави на дневен ред. Ние веруваме дека набрзо ова решение ќе биде дел од собранискатата дебата, – Илми Азири – пратеник од Алијанса за Албанците.

Законот за државјанство долг период е проблем кој ја закочи работата на Собранието месеци наназад. Се уште со илајдници амандамни блокирани се дваесетина закони..

Според проценките на власта, со новиот закон ќе се реши статусот на неколку илјади граѓани кои живеат во земјава, а бидејќи немаат државјанство не можат да ги исполнуваат обврските кон држава, но и да ги уживаат правата.

Link with us
Game bài đổi thưởng