ВЛАДАТА ОДОБРИ ЗАДОЛЖУВАЊЕ ОД 70 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА ТРАМВАЈ НА ТРКАЛА ВО СКОПЈЕ

* реклами ——————————————————————————————————————————————-

—————————————————————————————————————————————————–

Предлог-законот за задолжување сега треба да помине во Собранието, по што ќе биде потпишан договорот на заем со ЕБОР. Истовремено се изработува идејниот проект за трасата од Ѓорче Петров до Ново Лисиче.(Фото: К. Попов)

Со 70 милиони евра заем од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) во Скопје ќе се воведува брз автобуски систем или т. н. трамвај на тркала. Владата го утврди текстот на Предлог-законот за задолжување кај Европската банка за обнова и развој по Договорот за заем за финансирање на проектот „Воведување на брз автобуски превоз во Град Скопје“.

* реклами ——————————————————————————————————————————————-

—————————————————————————————————————————————————–

„Проектот ‘Воведување на брз автобуски превоз во Град Скопје‘ опфаќа воспоставување две линии за брз автобуски превоз со коридори кои се резервирани само за автобусите, со цел подобрување на квалитетот на превозните услуги на патниците во правец од Ѓорче Петров до Ново Лисиче и од Бутел до Кисела Вода, намалување на времетраењето на превозот на патниците, подобар пристап и користење на превозните услуги и за намалување на загадувањето на воздухот“, се вели во владиното соопштение.

Предлог-законот за задолжување сега треба да помине во Собранието, по што ќе биде потпишан договорот на заем со ЕБОР. Истовремено, се изработува идејниот проект за трасата од Ѓорче Петров до Ново Лисиче.

* реклами —————————————————————————————————————————————–

————————————————————————————————————————————————————

„До крајот на годинава очекуваме да се потпише договорот со ЕБОР, а до февруари е рокот за изработка на идејниот проект, по што веднаш ќе се распише тендерот за набавка на возилата, изведба на трасата за движење и депото. Очекувам што кон средината на наредната година ќе почне имплементацијата и воведувањето на новиот концепт на јавен превоз во Скопје. Според првичните проценки, приближниот број на патници кои ќе ја користат оваа траса ќе биде околу 65.000 на ден. Со имплементција на првата фаза се очекува времето на патување од сегашните 70 минути да се намали за повеќе од 50 отсто, да се зголеми фреквенцијата на автобуси на 3-4 минути. Автобусите да бидат со хибриден погон и со должина од 18 метри. Времето потребно едно возило да ја помине трасата од Ѓорче Петров до Ново Лисиче или обратно ќе биде 35 минути“, вели градоначалникот Петре Шилегов.

* реклами —————————————————————————————————————————————

————————————————————————————————————————————————-

Според тендерсата документација, трасата од Ѓорче Петров до Ново Лисиче ќе биде со должина од 12,81 километри во една насока, ќе има 21 автобуска постојка и 2 терминали, во индустриската зона во Ѓорче Петров и во населбата Ново Лисиче. Првата станица ќе биде кај Поликлиниката Ѓорче Петров, ќе се движи долж булеварот Партизански одреди. За приклучок во центарот на градот кај Соборниот храм ќе врти на булеварот Климент Охридски, па кон улицата Димитрие Чуповски. Потоа по булеварите Кочо Рацин, Кузман Јосифовски-Питу и Јане Сандански до улицата Февруарски поход во Ново Лисиче, каде ќе биде последната станица.

* реклами ——————————————————————————————————————————————-

———————————————————————————————————————————————————

Во тендарската документација се бара возилата да се движат по крајната лева лента и таа да биде одвоена од другите ленти, за да не може по неа да возат други возила или да се паркираат. Ако возилата се движат по крајната лева лента, тогаш автобуските станици ќе се постават во средишното зеленило и истите ќе се користат за двете насоки на движење.

Улицата Димитрие Чуповски по воведувањето на новиот превоз ќе треба да се пренамени во пешачка зона, со дозволено движење само на возилата од јавниот превоз, кои би се движење со брзина на пешак.

Link with us
Game bài đổi thưởng