Владата послушна: Ќе се доработуваат деловите од Законот за легализација за кои укажаа јавноста и граѓаните

На денешната седница Владата дебатираше за утврдување насоки во врска со Предлог-законот за легализација на бесправно изградените градби кој е вратен во Собранието по одлуката на Претседателот на државата Пендаровски да не го потпише Указот за прогласување на Законот.

Во широката и темелна дебата беше истакнато дека согласно законските процедури за вакви ситуации, Владата ќе поттикне јавна расправа со засегнатите страни, како и консултации со пратеничките групи во Собранието и со претседателите на Парламентот и државата за да се дојде до најдобро законско решение.

Во таа насока ќе бидат отворени за доработка и најдобри решенија на предлозите кои се однесуваат на временскиот период со кој треба да биде опфатена легализацијата на дивоградбите, потоа реалната дистинкција меѓу објектите кои се за лично домување и оние кои се изградени како станбени згради за профит, како и прашањето за категорична и јасна законска одредба дека со легализација нема да бидат опфатени бесправно изградените објекти во заштитените подрачја, како и сите други укажани прашања на кои посочија јавноста и граѓаните, велат од Владата.

Link with us
  • rikvip tipclub download rikvip game bai doi thuong
  • sunwin sun win cổng game số 1
  • go88 bị sập tải go88 go88 2020
Game bài đổi thưởng