ВЛАДАТА СЕ ГРИЖИ ЗА НАРОДОТ – Битиќи: Ако е потребно во мај или јуни ќе следи седми пакет економски мерки

Во февруари, како што кажа, околу 11 900 компании со 38 000 вработени побарале економска помош, а во март нивниот број се намалил на околу 11 300 компании со 35 000 вработени
Aко навистина е потребно, а веќе ги согледуваме последните финансиски податоци од април и движењата во различните сектори и дејности, во мај или јуни ќе излеземе со нов седми пакет антикризни мерки, рече денеска вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи.

Повтори дека Владата одамна кажала дека во оваа криза ќе го поддржи кој било работодавач или кој било работник.

Во февруари, како што кажа, околу 11 900 компании со 38 000 вработени побарале економска помош, а во март нивниот број се намалил на околу 11 300 компании со 35 000 вработени.

„Се процесуираат последните барања, но сепак бројките укажуваат дека се намалува бројот на компании кои се корисници и бараат поддршка, како и вкупниот број на вработени кои се опфатени со финансиската поддршка на плати. Деновиве ќе направиме и анализа од кои дејности доаѓаат за да знаеме подетално со кои евентуално нови мерки би требало да се поддржат“,

рече Битиќи.

Тој ги посочи текстилната и кожарската индустриј, каде, како што рече, реба да се работи на креирање на модели кои долгорочно ќе помогнат да се подобри нивната состојба, а тоа, според него, може да се постигне со технолошко унапредување на работните процеси и да не бидат толку трудоинтензивни, туку нивните продукти да бидат поконкурентни на глобалниот пазар. На тоа во наредниот период Владата заедно ќе работи со Организацијата на работодавачи, синдикатите, коморите и другите асоцијации.

Link with us
Game bài đổi thưởng