ВЛАДАТА СО КАМПАЊА ЌЕ ГИ ПОТТИКНУВА ГРАЃАНИТЕ ДА СЕ ВАКЦИНИРААТ: Голем дел од популацијата над 60 не се вакцирани, кажа Филипче

Министерот за здравство Венко Филипче истакна дека нема да останат неискористени вакцините од АстраЗенека кои треба неделава да пристигнат како донации од Грција и од Бугарија, а вкупно на број се 70.000, бидејќи како што нагласи, голем дел од граѓаните над 60 години не се вакцинирани. Очекува со кампањата за вакцинација против Ковид-19 да се зголеми интересот.

-Имаме 42 проценти од вкупната популација над 65 години пријавени и вакцинирани, но со кампањата, очекувам поголем број на пријавени. Препораките и ставовите не ги креираме според тоа кој како ќе се вакцинира според расположливоста на вакцините, туку според стручни препораки, нагласи министерот Филипче.

Тој истовремено информираше дека се уште не се знае точниот датум кога ќе пристигнат вакцините од Русија и од Кина, о0дносно „Спутник“ и „Синовак“, но рече дека во текот на вчерашниот ден разговарал со рускиот амбасадор.

-Амбасадорот треба да искомуницира со Институтот од Москва и да даде повратна информација во однос на испораката на вакцините. „Синовак“, пак според најавите треба да пристигнат во почетокот на јуни, односно во првите десет дена од јуни, рече Филипче.

Link with us
Game bài đổi thưởng