Погледнете која е таа уиграност на ВМРО ДПМНЕ со режисерот Владе Милчин кој сега е поголем Миленко од Миленко.
Само 4 дена пред објавувањето на прашањето на референдумот за кој ВМРО ДПМНЕ ќе собира потписи, екс шефот на Сорос Фондација излезе со интервју на ТВ 24 со идентична изјава и идеја, кое потоа беше пренесено од сите портали блиски на ВМРО ДПМНЕ но и останатите, очигледно јавноста се спремала како еден вид ПР предигра.
Кој можеше да верува дека Владе Милчин, вечен шеф на фондацијата на Сорос ќе биде главен агитатор против ЕУ и западот и главен бранител на про руската и про мафијашка ВМРО ДПМНЕ, но во политиката изгледа се е можно!
Инаку многу интересен детаљ од животот на Владе Милчин е што неговиот татко, славниот актер Илија Милчин на чија слава и врски Владе станал толку славен и познат режисер и јавна фаца, бил директор на бугарскиот државен театар во Горна Џумаја, Пиринска Македонија по втората светска војна?!?!?!
Во 2012 година, Комисијата за лустрација на Република Македонија објавила дека Милчин дека бил соработник на тајните служби во времето на СФРЈ. Според решението, Милчин го користел псевдонимот „Драматург“ во времето кога бил декан на факултетот за драмски уметности.