Македонија увезува преку пилешко месо во висина од 50 милиони евра годишно од Словенија и тоа е една од индустриите кои се многу добро развиени во Словенија и се бренд во југоисточна Европа.
Од друга страна ние во Словенија извезувме вино во огромни количини како и други земјоделски производи.
Јавна тајна е дека премиерот на Словенија, Јанез Јанша е близок пријател на ВМРО ДПМНЕ и гледа да им помогне во секоја прилика. И што доби за возврат?
Вмро дпмне овие денови на големо се обидува да исценира бојкот на увозот на пилешко месо од Словенија под изговор дека било заболено со птичји грип?!?! Замислете, според ВМРОВЦИТЕ, Словенија ќе си дозволи да извезе заболено месо и да си го уништи својот познат бренд за квалитет во индустријата?!?! Членка на ЕУ, буквално економска велесила на балканот ќе си дозволи таква будалаштина според вмровците?!?!
Има ли компас во белата палата или веќе не знаат кај тераат во обид да упецаат каков таков политички поен па макар и на сметка на своите пријатели?!?!