ВМРО-ДПМНЕ е против тутунарите, блокира закон за субвенциите, СДСМ ќе се спротивстави

Прес-конференција на Миле Талески, пратеник на СДСМ

Почитувани,

Блокирање на Законите кои се од витален интерес за граѓаните, е начинот со кој Мицкоски се обидува да покрие неуспехот од 6 месеченото владеење на неговите градоначалници.

Веќе трет месец претседателот на собраниската Комисија за земјоделие, Љупчо Димоски одбива да ги стави на разгледување измените на Законот за земјоделство и руруален развој, кои ги доставија пратениците од СДСМ и коалицијата.

Имено, со предлог измените на Законот треба да се отстранат административните пречки за исплата на субвенциите за земјоделците.

Односно, се отстранува дополнителниот услов кој се провлекува дури од 2015 година, а според кој за да ја искористат државната финансиска поддршка, земјоделците треба да ги имаат платено даноците и придонеси за кои е надлежна Управата за јавни приходи.

Со блокадата на измените, Христијан Мицкоски, ВМРО-ДПМНЕ и поранешниот министер за земјоделие Љупчо Димоски, им нанесуваат директна штета на тутунарите.

Во време кога парите од субвенциите им се најпотребни на тутунарите, кога се вршат планови и подготовки за новата реколта, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ блокираат и кочат.

По примерот на унгарскиот бегалец Никола Груевски, Мицкоски ги става личните и партиските интереси пред интересите на земјоделците. Манипулира и си поигрува со маката на производителите на тутун.

Почитувани,

Социјадемократскиот сојуз на Македонија нема да дозволи никој и никогаш повеќе да ги злоупотребува тутунарите.

Субвенциите за тутун кои издвои Владата предводена од СДСМ, во износ од 1 милијарда и 300 илјади денари, ќе завршат во рацете на 17.278 тутунари.

СДСМ како докажан партнер на земјоделците, ќе продолжи со уште поголема помош и поддршка на земјоделскиот сектор.

sun win

sunwin tài xỉu game sunwin game sunwin

game sunwin sunwin club sunwin tài xỉu

sun win

sun win