ВМРО ДПМНЕ ПРЕД НОВ ПОТОП, МИЦКОВСКИ ГИ БРОИ ПОСЛЕДНИТЕ ДЕНОВИ КАКО ЛИДЕР – Ахмети: Вреди да размислиме за коалиција со СДСМ на локалните

Лидерот на ДУИ Али Ахмети во интервју за ТВ21 истакна дека на локалните избори е можна коалиција со СДСМ, затоа што соработката меѓу двете партии е одлична.

– Да видиме кои се интересите на граѓаните, кои се интересите на нашите партии ДУИ и СДСМ. Јас мислам дека нашата коалиција со СДСМ добро функционира последните четири години, односно од кога ја формиравме Владата со нив. Да, вреди да се размисли за можна коалиција. Но, без разлика дали ќе има коалиција или не, ние ќе настапиме со наши листи за советници – рече Ахмети.

Во дебатниот магазин „Клик плус“, на прашање за тоа дали планира да се повлече од местото лидер на ДУИ, со оглед на тоа дека по најавата за промоција на нешто ново во јавноста се појавија и шпекулации дека е можно негово повлекување, Ахмети истакнува дека ќе остане до наредниот Конгрес.

– Затоа, сега за сега не планирам да се повлечам. Имам уште 3 години мандат, до следниот конгрес. Имаме многу работа до тогаш – порача Ахмети.

Link with us
Game bài đổi thưởng