ВМРО Е СВЕТСКО ЧУДО – КРАДАТ И ДОДЕКА СЕ ВО ОПОЗИЦИЈА: Половина милион евра тежел договорот на телохранителот на Мицкоски за продажба на парцела во Делчево

На површина исплива голем скандал кој директно води до Белиот дворец и луѓе блиски на Христијан Мицкоски, открива пратеничката на СДСМ, Славјанка Петровска, додавајќи дека едно од вмешаните лица е и Влатко Илиевски, дел од обезбедувањето на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

-Неколку лица, сите поврзани со ВМРО-ДПМНЕ купиле или добиле на дар парцели земјиште во општина Делчево, сите вредни околу 40.000 евра. Истите парцели само две-три недели подоцна ги продале и за 40 пати повеќе од пазарната вредност или за вкупно 1,6 милиони евра, обелодени Петровска.

Таа покажа еден од договорите за купопродажба на Илиевски, телохранителот на Мицкоски, кој тежи половина милион евра и праша дали разликата од препродажбата како црни пари завршиле во, како што вели, Белиот дворец за што постојат оправдани сомневања.

Претходно, 360 степени објави дека ЕВН Електрани, како фирма ќерка на ЕВН Македонија, имала купено најмалку 7 парцели во околината на Делчево со цел на нив да постави фотоволтаични централи за производство на електрична енергија.

Во сторијата се додава дека две од тие парцели биле продадени на ЕВН Електрани по 800 денари за метар квадратен, иако само три недели претходно биле купени за само 15 – 20 денари за метар квадратен.

Дополнително, како што се наведува во репортажата, сомнително е што двајцата продавачи Дарко Т. и Влатко И. стануваат сопственици на земјиштето само три недели пред да и го продадат земјиштето на ЕВН Електрани. Купопродажните договори, пак ЕВН Електрани со овие лица ги склучил на 21.09.2021 година, односно неполна недела пред стартот на кампањата за локалните избори.

И двајцата продавачи на земјиштето, според 360 степени, биле на некој начин поврзани со ВМРО-ДПМНЕ. Дарко Т., бил советник во Општина Делчево од 2013-2017 година од ВМРО-ДПМНЕ, а Влатко И. бил член на обезбедувањето на Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Link with us
Game bài đổi thưởng