ВМРО-Народна партија се надева дека ова е вистинскиот пат преку кој ќе го добиеме и финалниот чин, а тоа е томос од Вселенскиот патријарх Вартоломеј за потполна автокефалност на Македонската православна црква – Охридска архиепископија.
Веруваме дека ова ќе биде последниот чин после кој ќе можеме да си ја честитаме автокефалноста и сите заеднички да се радуваме.