ВМРОВЦИТЕ ПАК ОДЛЕПИЈА – Русковска за ДВ: Ми се закануваа дека ќе ме убијат ако не ги осудам Зоран и Вице Заеви

„Заканите беа дека невини и угледни граѓани се во затвор, а ‘криминалците Зоран и Вице Заеви’ биле на слобода. Ако веднаш не ги осудам, ќе бидам убиена“, вели Русковска за Дојче веле.

Шефицата на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, Вилма Русковска, пред еден месец добила две писма со закани по живот. Случајот го пријавила веднаш во Министерството за внатрешни работи, по што добила дополнително обезбедување, согласно законот. Таа се уште чека информации од полицијата дали е откриено кој стои зад заканите.

„Писмата пристигнаа околу 23-24 декември минатата година. Заканите беа во смисла дека невини и угледни граѓани се во затвор, а ‘криминалците Зоран и Вице Заеви’ биле на слобода. Ако веднаш не ги осудам ќе бидам убиена. Двете писма беа во таа смисла“, вели Русковска за Дојче веле.

И јавниот обвинител Љубомир Јовески вчера (26.01.2022) добил закани по животот преку препорачано писмо. Јавното обвинителство потврди дека писмото, испратено од Пошта Битола на 17 јануари, е напишано на македонски и англиски јазик, и во него се вели дека Јовески ќе биде убиен ако не ослободи од обвинение двајца новинари.

Nord-Mazedonien | Staatsanwältin Vilma RuskovskaПо Вилма Русковска, и јавниот обвинител Љубомир Јовески добил закани по живот од ‘терористичка организација’.
Од Јавното обвинителство велат дека за тој случај постапката е запрена бидејќи утврдиле дека нема место за јавнообвинителско постапување.

Испраќачот на писмото вели дека припаѓа на терористичка организација која се бори и убива за неправда и нејзините членови се подготвени да гинат за целите на организацијата.

„Јавниот обвинител на Северна Македонија истакнува дека се залудни ваквите закани и во оваа прилика нагласува дека заканите, па дури и да се по живот нема да го поколебаат во примената на законите и во професионалното и одговорно постапување на Јавното обвинителство“, се вели во соопштението на Јавното обвинителство.

„Такви закани нема да ме заплашат во постапувањето по конкретни предмети и примена на законот“, изјави Јовески за ДВ.

Пратката ќе биде доставена до Министерството за внатрешни работи заради испитување на содржината на наводите и лицето кое ја испратило пратката.

sunwin apk

game bài sunwin

tải sunwin

sunwin tài xỉu sunwin.apk mới nhất sunwin.apk mới nhất

sunwin