ВМРОВСКА РАБОТА – ОЈО ОТВОРИ ИСТРАГА: ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ПЕТРОВЕЦ ЗА 6 ГОДИНИ ПРЕКУ ЛАЖНИ ФАКТУРИ ИСПУМПАЛ 500 000 ЕВРА ОД ОПШТИНАТА НА СМЕТКА НА ФИРМА ВО СОПСТВЕНОСТ НА СВОЈОТ БРАТ

Јавното Обвинителство отворило истрага против градоначалникот на Општина Петровец, Борче Митевски, и неговиот брат под сомнение за злоупотреба на службена должност и перење пари.

Според информациите од ЈО, Митевски е осомничен дека во период од 2012 до 2018 година потпишал 24 фиктивни фактури во вредност од половина милион евра на фирмите чијшто вистински сопственик е неговиот брат.

Случајот со поднесена кривична пријава го започна Управата за финансиската полиција, чиј директор Арафат Муареми, тврди дека братот на градоначалникот е вистински сопственик и овластен потписник на банкарските сметки на фирмите „Аце транс компани“ и „Леома транс “ ДОО Скопје. Проблематично е и тоа што во јавната набавка компанијата лажела дека поседува техничка опрема за да се стекне со право да учествува во тендерот.

Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ пред локалните избори, по отворањето на случајот од страна на Финансиска полиција, рекоа дека Обвинителството за организиран криминал и корупција веќе го има истражено овој случај воп 2017-2018 и дека бил затворен како чист.

Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал минатиот месец отворило истрага против градоначалникот Митевски, вработен во општината, братот на градоначалникот и управител на една од фирмите за кои постои основано сомнение дека преку нив биле издавани фиктивни фактури.

tải sunwin game bài sunwin tải sunwin apk

sunwin tài xỉu sunwin apk sunwin tài xỉu

sunwin apk game bài sunwin sunwin web

sunwin

tải sunwin