ВМРОВСКИТЕ ПРАТЕНИЦИ СЕ ТЕШКИ ЃУБРИЊА: ДОДЕКА НАРОД УМИРА ОНИ ОДБИВААТ ДА ОДАТ НА СЕДНИЦИ И ТЕРААТ ПОЛИТИКА?!?!

Координаторите на пратеничките групи на опозициските партии, ВМРО-ДПМНЕ, Алијанса за Албанците, Алтернатива и Левица, денеска претпладне не присуствуваa на редовната координација кај претседателот на Собранието Талат Џафери. Пратеници на овие партии брифираат дека веќе нема да обезбедуваат кворум за работа на Собранието, дека владејачкото мнозинство ќе мора тоа само да го прави.

Денеска кај Џафери требаше да се разговара за дополнувањата на Деловникот за да овозможи онлајн-гласање поради ситуацијата со ковид-19.

Опозицијата вели дека ставањето на дневен ред на дополнувањата на Деловникот на Собранието за седницата за в четврток било без договор со нив.

Координаторот на пратеничката група на Алијанса за Албанците и Алтернатива, Скендер Реџепи, за МИА најави дека тие ќе присуствуваат само на седници со точки на дневен ред за кои ќе проценат дека се од интерес за граѓаните, а не во интерес на политичките партии од власта.

Link with us
Game bài đổi thưởng