ВНАТРЕШНИОТ РЕВИЗОР И КОДЕКСОТ НА ЕТИКА ВО ДРЖАВНИТЕ ИНСТИТУЦИИ ЗА ВРЕМЕ НА КОВИД 19

Интерното организациско однесување на секоја институција ја дава комплетната слика на почитување на етиката. Низ културата на организацијата, а воедно и обуките кон кои се стреми современиот начин на менаџирање ВНАТРЕШНИОТ РЕВИЗОР има клучна улога на советник од доверба.
Кодексот на етика е почетокот кон отворање на еден професионален ревизорски пат низ кој постојат милиони безбројни предизвици за успешна кариера.
Современиот начин на усовршување на професијата се гледа преку константното обучување и работа на внатрешниот ревизор каде кодексот на етика ќе биде видно и успешно применет онаму каде е неопходен и мора да се почитува. Етничкото однесување во организацијата зависи од 2(два)вида на однесување:
1. Индивидуално
2. Групно
– Индивидуалното потекнува од секој од нас поединечно како производ на многу сегменти и афинитети, од воспитување, лојалност кон себе и другите колеги, лојалност кон своето работно место, се до мотивирање, надградување итн.
– Кога сме кај групното однесување како најважна особина во една организација всушност тука е клучот на успешно менаџирање преку селекција на човечки ресурси, социјализација на вработените, обуки, анализи, на работата, нивното здравје и безбедност како и управувањето со кариерата.
Целосното етичко однесување кое РЕВИЗОРОТ се стреми конструктивно да го наметне низ својата професија само ќе ги зацврсти низа менливите ситуации (како што е и оваа со пандемијата) во една компанија каде секојдневно се случуваат промени како од економски така и од политички карактер.
За крај, би завршила со една мудра реченица на Бенџамин Френклин:
,, Приказната за напорите на еден човек да интегрира одредени принципи и навики лежи длабоко во неговата природа,, ?
Internal Auditor – Внатрешен ревизор
М-р Наде Темелкоски

Link with us
Game bài đổi thưởng