ВНИМАНИЕ ДО ЈАВНОСТА: Ве известуваме дека Комерцијална банка АД Скопје во моментов не организира никаква наградна игра преку Facebook или преку апликација

Почитувани,

На Facebook е забележана страница која има објавено видео содржина со која повикува на симнување апликација (игра) и алудира на брза добивка на пари. Во видеото се прикажува лажна СМС порака од Комерцијална банка за прилив на средства.

Ве известуваме дека Комерцијална банка АД Скопје нема никаква врска со оваа активност и во моментов не организира никаква наградна игра преку Facebook или преку апликација. Уште еднаш ве советуваме да бидете исклучително внимателни кога ги споделувате вашите лични податоци додека сте на Интернет.
Страната и видео содржината веќе се пријавени на Facebook како измама. По целосна анализа на случајот, Банката ќе преземе соодветни мерки пред надлежните институции согласно позитивните законски прописи.

Ваша, Комерцијална банка.

Link with us
Game bài đổi thưởng