ШЕФОТ НА АГЕНЦИЈА ЗА ХРАНА, БАБОВСКИ: Внимавајте од каде купувате хамбургери, во лето е голем ризикот од труење со храна


Фото: Мета.мк
Секоја година околу 600 милиони луѓе во светот се разболуваат како резултат на околу 200 различни видови на болести предизвикани од храна. Безбедноста на храната игра витална улога во намалувањето на болестите што се пренесуваат преку храна. Денеска се одбележува Светскиот ден на безбедност на храната. Само во првите три месеци од годинава, инспекторите во Агенцијата за храна и ветеринарство направиле 12.000 контроли, а за констатираните недоследности изрекле 1.384 мерки, од кои 23 се прекршочни пријави.

Во интервју за Мета.мк првиот човек на Агенцијата за храна и ветеринарство, Николче Бабовски објаснува за што најчесто реагираат граѓаните и какви недоследности со храна пријавуваат.

Во летните месеци ризикот од труења со храна е зголемен. На што треба да внимаваме сите, а посебно младите кои често консумираат брза храна?

Што се однесува до младите генерации и начиниот на нивната исхрана, знаеме дека не може да се хранат по рецептите на баба и дедо, но она што е секогаш достапно и за возрасните, а и за помладите, е брзата храна.

Кога веќе младите јадат брза храна, посебно сега во лето, да избегнуваат користење на додатоци како сосови, сенф, мајонез.

Не дека тоа не е начин на исхрана, но кога купуваат брза храна треба да внимаваат од каков објект купуваат, која е кредибилноста на објектот од каде што купуваат, дали е свежо подготвена храната и како е чувана. Ако се спрема храната дополнително, тоа создава сомнеж како е тој производ спреман. Кога веќе младите јадат брза храна, посебно сега во лето, да избегнуваат користење на додатоци како сосови, сенф, мајонез. Треба да се провери дали се тие на соодветен начин чувани пред да бидат послужени. Ако сакаме здрави млади, би апелирал да се избегнува овој тип на храна оти здравјето зависи од храната. Но, ако веќе консумираат, да внимаваат на репрезентативноста на објектот во кој таа се продава како и да се внимава на тоа кои додатоци доаѓаат со таа храна.

За што најчесто реагираат граѓаните кога станува збор за безбедноста на храната? За што конкретно тие поднесуваат претставки во АХВ?

Агенцијата и оваа година се вклучува во глобалната кампања под мотото „Побезбедна храна, побезбедно здравје“. Често пати при купување на храна и консумирање на храна од производители кои се чуваат на одреден начин, ние секогаш апелираме до граѓаните да купуваат производи онаму каде се сигурни дека тие производи биле добро чувани, на одреден температурен режим, без оглед дали се работи за свежо ладени производи или се работи за производи кои се во замрзната состојба.

Претставките кои ни доаѓаат, се токму во однос на несоодветно чувана храна, а овде мислам на пример, на пакување јогурт или кисело млеко, кај кое капакот е надуен, иако е во рокот на употреба.

Тоа покажува дека производот не бил соодветно чуван во објектот. Исто така, имаме претставки кои се однесуваат на тоа дека пакувањето е оштетено. Потоа имаме реакции за измена на органолептички својства, најчесто кај месото и месните преработки. Имаме претставки кои се однесуваат на поминат рок, а често добиваме пријави од странки кои реагираат дека има појава на контаминенти на производот кој го купиле.

Какви контроли на храната вршат инспекторите во Агенцијата?

Контроли се вршат врз база на мониторинг-програмата и врз база на месечните планови кои ги прават самите инспектори. Лани имавме 50.000 инспекциски надзори. Тоа покажува дека инспекторите ревносно и совесно си ја вршат својата работа. Контролите започнуваат од примарното производство, па сѐ до крајниот потрошувач. Најголемиот дел на економски оператори со храна, ги почитуваат и законот и правилниците за безбедност на храна.

Како да знаеме ние потрошувачите дека јадеме бебедна храна, на што треба да внимаваме при изборот?

При изборот, треба да видиме дали храната се чува соодветно, на сооветен начин. Исто така, посебно да обрнеме внимание на рокот на употреба или рокот е сѐ уште важечки.

Ако го купиме производот на два дена пред истек на рок и планираме да го ставиме во фрижидер и да го користиме после пет дена, вината е кај нас.

Ако го купиме производот на два дена пред истек на рок и планираме да го ставиме во фрижидер и да го користиме после пет дена, вината е кај нас. Исто така, треба да внимаваат потрошувачите на декларацијата на производот. Таа е напишана со поситни букви, но е најбитен фактор покрај рокот. Таму стојат основните податоци за производот. Ако прехранбениот производ го купуваат во парчиња, треба да побараат за целата пратка декларација кога е произведено, кој тип на месо е, од каде потекнува.

sunwin

sunwin

tải sunwin

tải sunwin apk

sun win