ВО ЃОРЧЕ СЕ РАБОТИ СО ПОЛНА ПАРЕА: СЕ СТАВА АТМОСФЕРСКА КАНАЛИЗАЦИЈА, СЕ АСФАЛТИРААТ УЛИЦИ

?Започна реконструкцијата на улица Наум Чакаров во УЗ Дексион. Во моментов се изведуваат градежни работи за поставување на атмосферска канализациона мрежа, по што ќе следи асфалтирање во должина од 240 метри.

Продолжуваме… #ПосветеноЗаЃорче

✔️За рекордно брз период асфалтирана е и улица 22 во Волково.
?Во должина од 1100 метри поставен е нов асфалт на површина од 4400м2.
✅Асфалтиран е и кракот кој ги поврзува улиците 20 и 22. Со новоизведениот коловоз во должина од 2,5 километри, конечно е решен долгогодишнот сообраќаен проблем на околу 190 семeјства во овој дел од Волково.
?️Градиме поднеднакво и рамномерно во урбаниот и руралниот дел.
Продолжуваме…
#ПосветеноЗаЃорче

Link with us
Game bài đổi thưởng