ВО ЃОРЧЕ СЕ РАБОТИ ТУРБО: НОВ КРУЖЕН ТЕК ВО ВОЛКОВО, НОВИ УЛИЦИ ВО ДЕКСИОН И ДАМЕ ГРУЕВ, СЕ ЧИСТАТ КАНАЛИ…

?? Кружен тек во Волково ??
Продолжуваме… #ПосветеноЗаЃорче

✔️Реконструирана е улица ,,Мијачка“ во Дексион.
✔️Поставена е атмосферска канализација и асфалт во должина од 150 метри.

Продолжуваме…
#ПосветеноЗаЃорче.

Градежните работи за реконструкција на ул. Антон Кецаров во нас. Даме Груев се одвиваат согласно утврдената динамика. Изваден е стариот асфалт и во моментов се поставува подземна електрична инсталација, со што за прв пат оваа улица ќе добие јавно осветлување.
Претходно беше изведена атмосфесрка канализација.
Очекувам за месец дена да се асфалтира должина од 320 метри, како и кракот на улица Пекљане од 130 метри
Продолжуваме #ПосветеноЗаЃорче

Се чисти каналот за наводнување во село Никиштани.
Се расчистува траса во должина од два километри, локациски: северно од раздвојувањето кај река Лепенец, до селото.
Со ова, земјоделците добиваат сигурен доток за наводнување на своите посеви, а се избегнува и опасноста од поплави и излевања.
Оваа акција Општина Ѓорче Петров ја спроведува во соработка со АД Водостопанство.

? Започнаа градежните работи за реконструкција на ,, Кузман Шапкарев “.
По изведената атмосферска канализација, следува асфалтирање во должина од 350 метри.
Оваа улица за прв пат ќе добие и јавно осветлување.
Поставена е подздмна електрична инсталација, столбовите и светилките ќе се монтираат по асфалтирањето и изведувањето на тротоарот.
Последната постојка на автобусот со бр. 5️⃣ е времено дилоцирана во населбата Јурија.
?Очекувам градежните работи да финишираат за еден месец.
Продолжуваме ##ПосветеноЗаЃорче

?Реконструкција на улица ,,Драговити“ во Дексион.
Нов асфалт во должина од 230 метри.
Продолжуваме …
#ПосветеноЗаЃорче

Link with us
Game bài đổi thưởng