Во општините од североистокот недостигаат засолниште, кризен центар и СОС линии за жртвите на семејно насилство

Во шесте општини од североисточниот регион недостигаат засолниште, кризен центар и СОС линии за жените жртви од родово базирано и семејно насилство, покажува анализата на невладините организации од Куманово. Постоечките програми од социјална заштита не ги препознаваат жртвите на насилството, како лица во социјален ризик, се наведува во анализата на Националниот ромски центар, Националната мрежа против насилство врз жените и семејното насилство и Здружението „Мајка“.

Според истражувањето, шесте општини од североистокот немаат развиено мерки и издвоени средства за заштита на ваквите жртви. Постои само едно советувалиште, кое функционира во рамки на Центарот за социјални работи Куманово. Анализата на НРЦ покажува дека пет од вкупно шест општини во североисточен регион, немаат развиено и усвоено социјален план на општината што ги ограничува можностите на општините да ги следат состојбите со родово-базираното и семејното насилство на локално ниво, да ги идентификуваат потребите на жртвите, како и достапноста на услуги и стратешки да планираат воспоставување на специјализирани услуги за помош и поддршка за жртви на семејно насилство.

Програмите од областа на социјалната заштита на општините не ги препознаваат жртвите на родово базирано и семејно насилство како лица во социјален ризик. Ниту една општина од регионот нема развиено конкретни мерки и издвоено буџетски средства за заштита на жртвите на семејно насилство во рамки на програмите од областа на социјалната заштита, ниту предвидено финансиска поддршка за даватели на специјализирани услуги за жртви на насилство.

– Освен специјализирано советувалиште за жени и деца во Куманово, нема други сервиси кои можат да им дадат поддршка на жените жртви од семејно насилство. Недостигаат сервиси, немаме во целост достапни информации како да се работи на помош и поддршка како и превенција, немаме достапна СОС линија, нема центри за згрижување, привремен престој на жените жртви на семејно насилство како и кризни центри во североисточниот регион. Тоа е сеопфатен систем на заштита не само да си ги измениме законските регулативи, рече Ана Аврамовска Нушкова од Националната мрежа против насилство врз жените и семејното насилство.

Во мај 2019 година е донесен е Законот за социјална заштита, во него се регулираат сите овие права и услугите што треба да се обезбедат, да им бидат достапни на сите граѓани, меѓу кои и жените жртви на родово и семејно насилство.

Во мај 2019 година е донесен е Законот за социјална заштита, во него се регулираат сите овие права и услугите што треба да се обезбедат, да им бидат достапни на сите граѓани, меѓу кои и жените жртви на родово и семејно насилство.

Таа посочи дека имаме нов закон за спречување и заштита на жртви од семејно насилство, веќе точно една година како активно се применува, а ние, вели, сè уште немаме видлив напредок од специјализираните сервиси кои во декември 2019 година ги отвори Министерството и тука застана целокупната работа.

– Не само од државата, туку и локалните власти ги имаат обврските да подготват социјални планови, да ги мапираат проблемите кои ги имаат и се карактеристични и треба да ги унапредат социјалните услуги за помош и поддршка на жртвите жени и деца на родово базирано и семејно насилство, рече Аврамовска Нушкова од Националната мрежа против насилство врз жените и семејното насилство.

Во североисточниот плански регион, функционираат два меѓуопштински центри за социјална работа во Куманово и Крива Паланка и еден центар за социјална работа во Кратово, кои обезбедуваат права и услуги во согласност со Закон.

Според анализата, локалните самоуправи се должни да креираат локални политики и програми за заштита на жените жртви на родово базирано насилство и семејно насилство соработувајќи со сите релевантни чинители на локално ниво (центрите за социјална работа, полициски станици, здравствени установи, предучилишни и образовни установи) со цел, превенција на родово базирано и семејно насилство и заштита на жртвите, и во оваа насока да имаат директна соработка и со здруженијата на граѓани.

Локалните самоуправи се должни да воспостават или да поддржат здруженија кои ќе ги обезбедуваат специјализираните услуги за жртвите на родово базирано и семејно насилство, пред сè засолништа и советувалишта за жртви и во оваа насока да обезбедат финансиски средства за функционирање на специјализираните услуги.

– Жртвите на семејно насилство заслужуваат суштински права, кои, за жал со години им се ускратени и не им е дадена можноста да го живеат животот со своите деца, во подобра иднина, кажа при презентацијата на анализата, Ашмет Елезовски, извршен директор на Национален ромски центар Куманово.

Општ заклучок е дека ниту една општина во рамки на североисточен плански регион нема развиено конкретни мерки и издвоено буџетски средства за заштита на жртвите на родово базирано насилство во рамки на програмите од областа на социјалната заштита, ниту предвидено финансиска поддршка за даватели на специјализирани услуги за помош и поддршка на жртви, а жртвите на семејно насилство главно не се препознаени во рамки на акциските и стратешки документи во домен на социјалната заштита

– Бараме локалните власти од североистокот да креираат политики и програми за заштита на жените жртви и да обезбедат средства за функционирање на специјализираните сервиси, кажа Лидија Илиевска од здружението „Мајка“.

Важно е општините од североистокот да работат на креирање на локални политики за спречување на родово-базираното и семејно насилство и на тој начин да ги исполнат обврските кои произлегуваат пред сè од ратификуваната Истанбулска Конвенција и Националниот Акциски План. Општините треба да развијат мерки за превенција на родово-базираното и семејно насилство и мерки за заштита на жените и децата жртви кои ќе ги интегрираат во социјалните планови, програмите за социјална заштита или да развијат посебни програми за спречување на насилство, да развијат социјален план, стратешки документ, за следење на состојбите, идентификување на потребите на жртвите и планирање активности за воспоставување на специјализирани услуги за жртвите.

Куманово и општините да обезбедат финансиски средства и директно да соработуваат со граѓанските организации на кревање на јавната свест и обезбедување услуги за економско јакнење на жртвите.

– Општина Куманово, како најголема општина во североисточен плански регион, се очекува да биде општина лидер во процесот на финансирање и воспоставување на специјализирани услуги за жртви на родово базирано и семејно насилство во регионот, и во оваа насока таа треба да воспостави меѓуопштинска соработка со општините од североисточен плански регион, со цел обезбедување на специјализирани услуги за помош и поддршка на жените и деца жртви на родово базирано и семејно насилство од регионот, се вели во препораките од анализата.

Меѓу главните препораки е општините од североистокот да обезбедат средства за функционирање на 17 семејни места кои ќе послужат како кризен центар за жртвите

Link with us
Game bài đổi thưởng