Во паркот Шопен во Кисела Вода се одржа Ревија на песни, музика и игри од третиот регион

Сите генерации активно се грижат и ја сакаат својата Кисела Вода

Здружението на пензионери Кисела Вода активно придонесуваат за зачувување на традицијата и правилно насочување на младите. Нашето здружение како домаќин а во организација на Сојузот на здруженија на пензионери на Македонија, во паркот Шопен се одржа Ревија на песни, музика и игри од третиот регион.
Учествуваа Здруженијата на пензионери: Кисела Вода, Илинден, Војни пензионери, МВР, Сарај и Газа Баба.

На крајот, претседателот на комисијата за забавен фолклорен живот на пензионерите, им подели благодарници на организаторите и учесниците.
Во исто време и учениците од Кисела Вода заедно со своите наставници организираа мултимедијален Хепенинг на тема Ја сакам Кисела Вода.

Им благодарам на организаторите за честа да го отворам настанот, за прекрасната организација и позитивна енергија која ја споделија и ни покажаа дека во Кисела Вода не постојат меѓугенерациски јазови дека само сите заеднички можеме да придонесеме за поубава општина и подостоен живот. Ваквите иницијативи ме исполнуваат и со гордост и со мотивација дека Кисела Вода е на вистинскиот пат. Можеби некои други општини се финансиски побогати, но можам да речам дека дека Кисела Вода може да служи како пример за заедништво и за духовното богатство кое го носиме со генерации.

Да се почитуваме и да ги негуваме традициите и вредностите на Кисела Вода.

Link with us
Game bài đổi thưởng