ВО ТЕТОВСКА ГОРНА ЧАРШИЈА СЕ СТАВА ФЕКАЛНА И АТМОСФЕРСКА КАНАЛИЗАЦИЈА

Во Горната Чаршија се завршуваат работите за изградба на фекална и атмосферска канализација во 3-те улици од оваа населба, како што се: ул.185, ул.186, Питу Гули и А.Ј.Ѓурчин

Станува збор за инвестиција од 5 милиони денари, a по долгогодишно барање на жителите од оваа населба.

Исто така, ја искористив можноста да разговарам со жителите за некои од нивните барања и потреби што ќе ги исполниме во наредните месеци, како што се регулирање на атмосферската канализација на улицата 185 и санација на некои улички со бекатон.

Продолжуваме со вакви проекти во населбите и другите делови на градот.

Link with us
Game bài đổi thưởng