„Задоволна сум од пристапот на вработените во клиничкиот комплекс и од граѓаните кои секогаш учтиво ни се обраќаат и ја ценат нашата помош. Во оваа ситуација во која што се наоѓаме со Ковид-19 би препорачала маските постојано да се носат, задолжително пред и по посета на болница да се измијат и дезинфицираат рацете и секако да се одржува потребната дистанца“ – вели Дора Симоновска (19), волонтер во проектот „Водач во болница“ која својата инспирација за волонтирање преку Црвениот Крст ја наоѓа пред 6 години по еден натпревар за прва помош.
