ВУЧИЌ ФАТЕН ВО ОФСАЈД: ГРОМОГЛАСНО МОЛЧИ ЗА ОТЦЕПУВАЊЕТО НА ДОНБАС ОД УКРАИНА А ПЛАЧЕ ПРЕД ЦЕЛ СВЕТ ШТО КОСОВО БИЛО ОТЦЕПЕНО ОД СРБИЈА

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска во Монако изјавил дека ќе го осуди признавањето на независноста на сепаратистичките региони на истокот на Украина кога претседателот на таа земја Володимир Зеленски на телевизија ќе ја осуди НАТО агресијата на Србија во 1999-тагодина.

Тој тоа го изјавил реагирајќи на изјавата на амбасадорот на Украина во Србија, Олександар Александрович, дека Украина и украинскиот народ очекуваат Србија да го осуди вчерашниот потег на Русија за признавање на независност на Донбас.

-Ние сме мала земја и не сакаме да си ја укинуваме можноста да продолжуваме пријателство со некого и ние не одлучуваме на ниеден начин за судбината на Украина. Но, ако е веќе тоа така, јас го повикувам господинот Александрович да го повика претседателот на својата земја, господинот Зеленски, и да го замоли вечерва на телевизија да ја осуди трагичната агресија која над Србија ја спроведоа САД, Велика Британија, Германија и другите земји и јас сум сигурен дека тој ќе го направи тоа. Па кога ќе го направи тоа, и јас со задоволство ќе го прифатам повикот и ќе одговорам на неговите молби, рекол Вучиќ од Монако, наведува “Бета”.

Вучиќ повторил дека политиката на Србија е воена неутралност, но дека српската политика не е неутрална и дека нема да се откаже од традиционалните пријателства.

-Србија секогаш го поддржувала интегритетот на Украина и тука нема промени, додал тој.

Претседателот Путин во понеделникот ја признал независноста на Доњецк и Луганск, проруски сепаратистички територии во источна Украина и потпишал “договори за пријателство и взаемна помош со нив, а потоа наредил руската војска да го чува мирот на тие територии”.