Whirlpool Experience Tour: Единственo иновативно комерцијално возило за храна дизајнирано од WHIRLPOOL и PEUGEOT Design Lab

Групацијата WHIRLPOOL со задоволство го објавува лансирањето на Whirlpool Experiencе Tour во партнерство со PEUGEOT. Овој единствен спектакуларен промотивен концепт ќе ги прикаже новите W6 и W7 печки на пареа пред своите B2B клиенти.
WHIRLPOOL и PEUGEOT избраа да работат заедно за да создадат ново и ексклузивно искуство, врз основа на нивното позиционирање како врвен генералистички бренд со моќни и уникатни дизајни на производи. Тие заедно преку експертизата на PEUGEOT Design Lab дизајнираа комерцијално возило за храна со дизајн инспириран од малите ресторани и гастрономијата.

Овој амбасадор на брендот е развиен од моделот PEUGEOT EXPERT, модифициран од компанијата BCC. Пред да се отвори новата сезона во април 2022 година, Whirlpool Experience Tour завршува успешна прва сезона во 2021 година, со посетени 20 градови и 72 обуки дадени на повеќе од 500 продавачи.

Whirlpool Experience Tour: врвен дизајн и уживање
Дизајнерите на PEUGEOT Design Lab и WHIRLPOOL со дизајнот на ова комерцијално возило за храна, наречено Whirlpool Experience Tour, во фокус го ставија задоволството на клиентите. Неговиот простор е оптимизиран со нова кинематика. Страната на возилото се отвора целосно во форма на крила, оставајќи две големи работни површини кои се отвораат кон надвор, создавајќи ергономски идеална кујна. Готвачот има мијалник и плоча за готвење на идеална висина, како и простор за складирање и две парни печки на дофат. Има интегрирана настрешница која штити за време на демонстрирањето.
Со овој иновативен и спектакуларен концепт, готвачот за прв пат е на иста висина како и продавачите за порелаксирано чувство при демонстрациите. Ќе можат да ги следат неговите подготовки без да пропуштат нешто. На задната страна на камионот за храна има мултимедијален систем со лента за звук и голем екран инспириран од концептот „Le Bistrot du Lion“ за прикажување упатства и објаснување на карактеристиките на печките.

Whirlpool Experience Tour е вистински амбасадор на брендот, со својот прецизен дизајн и останува доследен на „бистрономскиот“ дух на примена на барањата на големите готвачи на едноставни, достапни јадења во порелаксиран амбиент. Работната плоча и предните делови на комерцијалното возило за храна се направени од бела италијанска керамика со антибактериска, без мирис и лесна за чистење површина. Месингните додатоци ја нагласуваат работната плоча. Сивата Titanium боја на каросеријата на комерцијално возило за храна, со своите шари од тон-во-тон, се навраќа во светот на пареата и ја рефлектира естетиката на врвните печки WHIRLPOOL.

Благодарение на технологијата SteamSense на печките на пареа WHIRLPOOL W6 и W7, кои користат импулсна топлина и вбризгување на пареата, храната е крцкава, златно-кафеава однадвор и мека одвнатре. Храната се готви брзо и рамномерно. Практичната фиока Ви овозможува да ја наполните рерната со вода.
Whirlpool Experience Tour беше базиран на PEUGEOT EXPERT Long, модифициран од BCC (Hauts de France). Компактен (5,30 m) со оглед на неговата кинематика, лесен за маневрирање и висок само 1,90 m, може едноставно да се паркира на повеќето паркиралишта. Дополнителна приколка, со иста боја на каросеријата како комерцијалното возило за храна, содржи фрижидер и додатоци. Сончевиот панел го напојува фрижидерот додека генератор ги одржува сите апарати во функција.

PEUGEOT и WHIRLPOOL: заедничка DNА, успешна соработка
Не случајно групацијата WHIRLPOOL, инспирирани од концепт комерцијалното возило за храна „Le Bistrot du Lion“, со помош на студиото PEUGEOT Design Lab го развија нивното прилагодливо коцепт возило за храна. Следејќи го комерцијалното возило за храна Gillardeau, PEUGEOT Design Lab повторно ја покажува својата иновативна и релевантна експертиза за своите клиенти кои не се во автомобилскиот свет.
За WHIRLPOOL и PEUGEOT, дизајнот, емоциите и технологијата се во срцето на дизајнот на производите. Печките WHIRLPOOL на W Collection нудат модерна, чиста, минималистичка естетика и добро осмислена ергономија. Брусениот нерѓосувачки челик е комбиниран со екрани и површини на допир. Дизајнот на најновите PEUGEOT возила комбинира сензуални облини, остри рабови и светлосен потпис во форма на три лавовски канџи, додека i-Cockpit® го истакнува искуството при возење.
PEUGEOT и WHIRLPOOL, генералисти и стручни, имаат слично позиционирање на брендот. Нивните клучни зборови се перформанси и ефикасност, но и социјална и еколошка одговорност. Ова партнерство е исто така во согласност со новиот слоган на Whirlpool “The sense of what is really essential” или во буквален превод -„Чувството за она што е навистина важно“ и има за цел да промовира спокојство за себе и планетата.
Рерните W Collection ветуваат комбинирано готвење на пареа без маснотии, што значи дека храната ги задржува своите витамини. Електрификуваните, 100% електрични (e-208, e-2008, e-PARTNER, e-EXPERT и e-BOXER) или Plug-In хибридните модели на PEUGEOT (308 hatch и SW, 3008, 508 седан и SW) го комбинираат уживањето во возењето согласно со стандардите за емисија на CO2.
Пред да се отвори новата сезона во април 2022 година, Whirlpool Experience Tour завршува успешна прва сезона во 2021 година! Минатото лето беше на турнеја во Франција, со 20 посетени градови и 72 едночасовни сесии за обука, дадени на повеќе од 500 продавачи заведени од овој уникатен, инвентивен и ексериментален концепт за обука.
Во втората фаза, брендот планира да нарача други примери за демонстрации во неговата европска мрежа: Италија, Полска и Велика Британија.

Link with us
Game bài đổi thưởng