XX Конгрес на лекари на Македонско лекарско друштво, над 700 лекари се состанаа онлајн

* реклами —————————————————————————————————————————————–

————————————————————————————————————————————————————
Заврши досега најголемиот одржан он- лајн Конгрес на лекари во земјава. На овој едукативен медицински настан, со над 700 учесници и врвни предавачи од сите дејности во медицината, од нашата земја и од странство, а во организација на Македонското лекарско друштво, во соработка со Медицинскиот факултет “Св. Кирил и Методи”, беа презентирани исто толку трудови со актуелни теми за третман и лекување на одделни заболувања. Секако, поради актуелната состојба на пандемија предизвикана од COVID 19, голем дел од презентерите се осврнаа и со најнови сознанија, истражувања и третмани на пациентите во лекувањето од овој смртоносен вирус.

* реклами —————————————————————————————————————————————

————————————————————————————————————————————————-

Во овие вонредни услови, 20- тиот Конгрес на лекари на Македонско лекарско друштво, кое на овој начин го одбележа и 75-годишниот јубилеј од постоење, беше извонредна можност за стекнување на нови знаења и размена на искуства. Виртуелната комуникација меѓу досега најголем број на пријавени лекари- учесници барем на кратко им го разведри секојдневието, во која тие ја водат најголемата битка за спасување на животите на болните од COVID 19. Сите меѓусебно си посакаа добро здравје и наредниот Конгрес на лекари на МЛД да се одржи во нормални услови и со дружење во живо.

tải sunwin apk game sunwin sunwin

sunwin apk tải sunwin apk sunwin club

game sunwin

tải sunwin sunwin.apk mới nhất sunwin web

tải sunwin