ПУТИН ЛАЖЕ КАКО ЃУБРЕ БЕСРАМНО – ЗА КАКВА ДЕНАЦИФИКАЦИЈА ЗБОРУВА ПУТИН КОГА ФАМИЛИЈАТА МИ ЗАГИНА ВО ХОЛОКАУСТОТ, КАЖА ЗЕЛЕНСКИ

Владимир Путин утрово ѝ објави војна на Украина со изговор дека сака да ја демилитаризира и денацифицира. Неколку часа порано, украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој има еврејски корени, го упати последниот апел за мир, демантирајќи ги неоснованите обвинувања од Путин дека Украина ја водат нацисти.

Тој директно ѝ се обрати на руската јавноста, и тоа на руски, неговиот мајчин јазик.

„Украина во вашите вести и Украина во реалноста се две сосема различни држави и главната разлика помеѓу нив е дека нашата е вистинската. Ви кажуваат дека сме нацисти. Но, како народот кој дал осум милиони животи во борбата против нацизмот може да поддржува нацизам?“, кажа Зеленски.

Тој во обраќањето не нагласи дека е Евреин.

„Како јас можам да бидам нацист? Објаснете му го тоа на мојот дедо, кој ја поминал целата војна во пешадијата на советската војска и починал како полковник во независна Украина“.

Зеленски додаде дека тројца браќа на дедо му биле жртви на Холокаустот. Тој ги повика Русите да ја осудат војната и да ја преиспитаат нејзината цена.

„За што се борите и против кого? Многумина од вас биле во Украина. Многумина од вас имаат семејство во Украина. Некои од вас студирале на украинските универзитети и имаат пријатели во Украина. Го знаете нашиот карактер, нашиот народ. Слушајте го разумот“, кажа Зеленски.

Link with us
Game bài đổi thưởng