ЗА ОВА СЕ БОРЕВМЕ – Русковска: И да сакаат не можат да ме сменат

Шефицата на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, Вилма Русковска не ја засегаат пишувањата дека смената на првиот човек на Одделот во МВР за дела од организираниот криминал, Лазе Велковски, е навестување за нејзина скорешна детронизација. Уверена е дека тоа се шпекулации.

„Според новиот закон за јавно обвинителство, не постои опција кој било шеф на обвинителство да се смени поради нестручност и некомпетентност. Сега не постои таква можност. Кривично дело немам направено, барем јас не знам дека сум направила, така што сметам дека и да сакаат да ме сменат, нема можност“, вели Русковска за Призма.

За самиот Велковски вели дека размислува пак да го ангажира хонорарно, доколку дозволат средствата.

Коментирајќи ја изјавата на премиерот Зоран Заев дека во неа нема доверба за предметот со Рашковски, Русковска практично го опомена.

„Политичарите за постапки што се водат во Обвинителство или во суд не треба да коментираат. Нашиве политичари никако да го разберат тоа“, вели таа.

Според неа, таквите изјави можат да создадат впечаток во јавноста дека се одлучува под притисок. На премиерот, пак, не му е првпат да каже јавно дека не е задоволен од неа. Така, на пример, во 2019 година, од говорницата во Владата изјави дека едно време и нему „не му се допаѓала“.

Link with us
Game bài đổi thưởng