ЗА ОВА СЕ БОРЕВМЕ – СУДОВИТЕ НЕ ЈА ФЕРМААТ ВЛАДАТА: Врховниот суд го одби барањето на Рашковски за укинување на домашниот притвор

Врховниот суд на денешната седница ја одбил како неоснована жалбата на Драги Рашковски и неговото барање за укинување на домашниот притвор.

Врховниот суд по денешната одржана јавна седница по предметот Вкж1.бр.31/2021, донесе одлука со која ги одби како неосновани жалбите на обвинетиот Д.Р. од Струмица, изјавена преку неговиот бранител и на обвинетиот Д.С. од Скопје, изјавена преку неговиот бранител, а обжаленото решение на Апелациониот суд Скопје, КСЖ.бр.456/21 од 01.09.2021 година го потврди, се наведува во соопштението од судот..