(ВИДЕО) ЗА ВМРО ДПМНЕ СПОРНО Е ШТО ФИРМА ШТО СЕ БАВИ СО ТРАНСПОРТ ДОБИЛА МИЛИОНСКИ ТЕНДЕР ОД МВР ЗА СОНЧЕВИ БОЉЕРИ

Стоилковски: Како токму во период на предизборие, мала фирма за транспорт на еден човек, со политички скандал зад себе, од МВР да добива еден милион евра на два тендери?

Почитувани,

Трет ден МВР крие како е можно фирма за товарен транспорт да добие милион евра за три месеци, ама не за транспорт, туку за водоинсталатерски работи и за соларни панели?

Наместо МВР, празни флоскули во соопштенија испраќа СДСМ што само ја до оформува сликата за тоа која и чија, може да е фирмата. Ниту држи оправдувањето, никој не се жалел на тендерската постапка.

Почитувани, првиот тендер во вредност од половина милион евра бил во октомври, пред локалните избори. Бил за водоинсталација и канализација. Вториот тендер во висина од половина милион евра е во јануари.

Ова се двата документи, од јавни набавки, јавно достапни, меѓу МВР на Спасовски и Дон Холдинг од скопско Ѓорче Петров. Два документи вредни еден милион евра.

Ова почитувани се извадоци од Централен регистар и Управата за јавни приходи. Ова е преглед на даночен обврзник, каде што пишува правна форма ДООЕЛ, друштво со ограничена одговорност на едно лице, дејност-товарен патен транспорт.

Ова е основен профил на регистриран субјект. Скратен назив: Дон холдинг ДООЕЛ Скопје. Големина: мал, претежна дејност: шифра 49.41, товарен патен транспорт.

Почитувани,

МВР мора да одговори како фирма за товарен патен транспорт добива тендер за водоводни и канализациски работи и потоа за соларни панели за топла вода и нивна инсталација, вкупно вредни милион евра?

И не одговара како тендерите ги добива оваа фирма во конкуренција со специјализирани компании за работите со децениски искуства, фирма за товарен транспорт пред специјализирани фирми.

Почитувани, според првата реакција за тендерот за скандалот од МВР на СДСМ беше посочено дека тендерот за соларни панели, всушност во јануари бил повторен бидејќи бил поништен во септември, кога повторно добитник на тендерот бил Дон Холдинг, истата фирма.

Се работи за фирма на еден човек којшто и до сега беше посочувана за скандалозни тендерски врски со СДСМ.

Оттука се поставува прашањето, како токму во период на предизборие, мала фирма за транспорт на еден човек, со политички скандал зад себе од аспект на тендери од МВР да добива еден милион евра на два тендери, во септември и октомври?

Иако еден тендер е вратен од почеток, сепак исходот се повторува. Еден милион евра тендери легнуваат кај истиот добитник.

Почитувани,

Ова е скандал којшто отвора огромен број прашања на коишто само сериозна истрага може да одговори дали има злоупотреби на МВР, дали има злоупотреби на тендери, злоупотреба на буџетски пари, можеби во насока на изборни цели, на изборна корупција?

Несоодветна фирма добива милион евра на тендери од МВР.

Почитувани,

Македонија тоне во корупција и криминал, во скандали се замешани луѓе коишто ги водат институциите, а Јавното обвинителство и правосудството не реагираат.

Без брзи избори и ослободување на институциите, Македонија се подлабоко ќе тоне!

sun win

sunwin

sunwin

sunwin

tải sunwin apk