За жал, Бугарија испадна дека е во право, во Македонското општество постои огромна омраза кон Бугарија, реакцијата на палењето на бугарскиот клуб го покажа тоа, погледнете како известуваат медиумите за Ламбе Алабаковски, ова е траги комедија

Неверојатно е како македонското општество реагираше на палењето на бугарскиот клуб и откривањето на тоа дека Ламбе Алабаковски е тој кој го запалил.

Ајде народот како реагира, тоа е последно, погледнете како известуваат медиумите за тоа, тука не мислам на таблоиди како Инфомакс и Доказм, погледнете како известуваат сериозни медиуми кои редовно се наградувани од ЕУ и САД за тоа дека се првенци во медиумската сфера.

Прво измислија нов злостор кој не поостои во кривичниот законик, ПАЛЕЊЕ ВРАТА?!?! Или си запалил објект или не си запалил, не е битно дали е врата или прозор, ти си запалил објект, а до каде огнот се проширил тоа е веќе прашање на среќа на околности на реакција на пожарникари…

Тоа беше суптилен обид да се релативизира злоделото, да му се намали тежината на плеќите на нашиот Ламбе Паликуќа…

Потоа истите тие медиуми почнаа од нигде никаде да го правдаат злоделото со некакви слични постапки на Бугарите, демек еве видете и они се исти како нас?!?!?!

Па потоа тезите и сториите почнаа да одат кон реакцијата на една радикална фашистичка партија како Левица која иако е парламентарна партија не би требало да добива толкав медиски пристап на своите радикални фашистички изјави и испади без уредничко оградување и осуда на тие шизофрени ставови?!?!

Па моментот го искористија и ВМРО ДПМНЕ кои почнаа да ја правдаат постапката на Ламбе, бил херој ама испоровоциран, исто како и оние кои убиваа на 27-ми април?!?!

Дури една новинарка се дрзна во Охрид да го праша министерот Спасовски зошто е Ламбе толку брзо фатен, тоа било чудно и она гледала во тоа некаква неправда и завера?!?! ЕЕЕЈ ЧОВЕЧЕ?!?!

А што па да се каже за народот на социјалните мрежи?! Нивното славење и еуфорија на постапката на Ламбе Паликуќа?! Колку и да е Ванчо Михајлов провокација, сепак да се нема толку осет за клуб на наше малцинство кое решило да слави свој лик кој за нив е свет и да се нема едно разбирање за тие нивни емоции и вака да се настапува апсолутистички и диктаторски и со еуфорично креирање атмосфера на линч и повици за убиства и елиминација на тој клуб покажува дека ние како општество не сме зрели за ЕУ, не сме цивилизирани, немаме демократска свест дека и други имаат право на свое мислење колку и тоа да не боли и да се противречи со нашите ставови и чувства, ова ме потсетува на оние сцени на запалени ЛГБТ клубови, истепани членови на ЛГБТ, едноставно МИЛИТИЗИРАНО општество каде се нема простор за демократија и простор да се остави другиот да мисли спротивно на тебе без да биде натепан и убиен.

За жал на крај испадна дека Бугарија сакаше да не тестира со тој клуб и тоа контроверзно име и паднавме на тестот, си ја покажавме сета омраза кон Бугарите, како да не примат во ЕУ кога се однесуваме така дрско и воинствено?!

Денеска сум песимист, со ваква омраза кон Бугарија не верувам дека ќе влеземе во ЕУ кога и да било, можеби грешам, можеби ќе се успее да се најде решение, но денеска сум песимист, сепак омразата кон Бугарија е сеена и одгледувана со децении и тешко тоа да се искорени за 2-3 години ќе треба исто толку време да помине и исто толку енергија и инвестиција за да се тргне таа омраза и да се вратиме пред 100 години кога сме биле братски народи кои заедно кревале востанија против турското ропство…