ЗАЕВ: БЛИЗУ НЕГОТИНО СТРАНСКИ ИНВЕСТИТОР ЌЕ ГРАДИ ЕКО ЦЕНТРАЛА ЗА БЕЗ КИСЛОРОДНО ГОРЕЊЕ ОТПАД БЕЗ ОЏАК, ЌЕ ГО ГОРИМЕ ОТПАДОТ И ЌЕ ПРАВИМЕ ЕНЕРГИЈА, ДРЖАВАТА ЌЕ ИНКАСИРА 20 МИЛИОНА ЕВРА ГОДИШНО!

Следна, е инвестиција во енергија од отпад, преговараме веќе 7, 8 месеци со инвеститор од Луксембург кој што ни нуди можност инвестиција од 336 милиони евра со плазма за согорување односно без кислородно согорување на високи температури. Оваа инвестиција е во затворен систем без оџак строго еколошка инвестиција и на неа и претходат селекциони или сепарациски опреми за примарна селекција на отпадот, но инвестицијата содржи 100 комунални возила за собирање на смет, изградба на 11 претоварни станици, дополнително 11 збирни потстаници, 6.000 метални и пластични комунални контејнери, асфалтирање на патна делница од 5 км до село Дуброво и не територијата на Општина Неготино. Овој проект претставува целосно и трајно решавање на отпадот на 74% од територијата на Северна Македонија или опфаќа 48 Општини. Станува збор за целосно странска приватна инвестиција, по пат на Законот за стратешки инвестиции.

Инвеститорот е должен годишно да плаќа на државата 20 милиони евра од приходот од енергија, тие пари ќе одат во фонд за обновливи извори на енергија.

sunwin có uy tín không sunwin cho pc sunwin

game sunwin bị sập sunwin

trò rikvip rik vip rik vip 88