Премиерот Зоран Заев во синоќешното интервју за ТВ Шења рече дека Митилинеос е пред одлука во Грција за изградба на гасна електрана со капацитет од 110 мегавати во Скопје, а во главниот град ваква постројка ќе изгради и државното АД ЕСМ со 54 мегавати.
– Очекуваме да имаме две нови инвестиции на топловодни мрежи во Скопје заради инвестиции во гасни електрани кои што како втор продукт вадат топлинска енергија после ТЕ-ТО во Скопје Toa ќе направи конкурентност во топлинската енергија и ќе биде попривлечно од другите енергенси, па дури и од „краденото“ дрво, рече Заев.
Досега само една третина има топловодна мрежа покриеност во Скопје, а премиерот рече дека овие две инвестиции покрај производството на струја од гас, со своите турбини ќе помогнат во нејзиното топловодно снабдување и проширување.