Заев: Европа е кабаетлија, чекаме 16 години за влез во ЕУ, ни должат, ја замолувам Бугарија да ни помогне!

Премиерот на Македонија, Зоран Заев на денешната прес конференција говореше за европските перспективи на нашата земја во европските заедници.

Како што истакна тој, верува во позитивен епилог од средбата на претседателите на Македонија и Бугарија во Ватикан.

„Европа е кабаетлија, ни должи многу. Во 2001 потпишавме договор пред Хрватска, а тие сега слават годишнина од приемот во ЕУ. Нема дилеми. Секогаш ја испраќам пораката. Ќе видиме што ќе се договорат Пендаровски и Радев во Ватикан. Верувам во позитивен исход. Ја замолувам Бугарија да ни помогне во оваа наша битка кон ЕУ“, истакна Заев.

Link with us
Game bài đổi thưởng