Заев го одби барањето на Мицкоски за лидерска средба: Мицкоски не е за договор на било која тема, тој бара начин само како да наштети на државата

Премиерот Зоран Заев го одби барањето на претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски за одржување лидерска средба, на која освен за разговорите со Бугарија, би се разговарало и за пописот, економијата, образованието.

– Не гледам потреба од лидерска средба. Особено со човек кој нема став за ниту едно важно, национално или стратешко прашање. Мицкоски не е за договор на било која тема, тој бара начин само како да наштети на државата, особено на процесите кои не водат кон ЕУ, вели Заев куса изјава за медиумите.