ЗАЕВ ГО ПОКАЖА НОВИОТ КАБИНЕТ ВО СТРУМИЦА: СЕ КУРТУЛИ ОД ГРУЈОВИОТ БАРОК, ВО ФИРМИТЕ НА ЗАЕВИ НЕМА ЛУКСУЗ

Нема луксузни маси од махагони, нема кожни фотељи со нитни, нема сваровски лустери, нема позлатени слики, нема паркет од храст, Заев се куртули од барокниот луксуз од владата и сега е во некоја од фирмите на Заеви каде очигледно нема многу простор за луксуз, обични зелени маси, обичен ламинат, венецијар ролетни и обични слики што се нарачуваат на интернет за 50 евра.

Такви се Заеви, скромни, вредни, народни, хумани а толку многу способни и знаат да направат пари притоа никого да не оштетат и мирно да спијат, тоа е шармот на оваа прекрасна фамилија.

Заев сега пак ќе треба да си купи нови телефони за да ги впише новите контакти со кои секој ден ќе се слуша, нема да им врти на Меркел, Макрон, Руте, Борис Џонсон, Трудо или Камала Харис туку ќе се слуша редовно со вработените на Мамас кои по светски саеми ќе го промовираат ајварот и лутеницата која се продава како македонски кавијар ширум светот. А и за корнишоните ќе го боли глава, како и за останатите производи на фирмите на Заеви, циглите од Еленица, црвениот пипер на Тргопродукт а тука се и хотелите и рестораните и штедилниците…

Најголеми приходи од продажба лани има „Тргопродукт“ од струмичко Дабиле и тие изнесуваат 10 милиони евра и во однос на 2017 година бележат минимален раст од 3 отсто. Добивката на оваа компанија е 1,25 милиони евра и лани е за 27 отсто пониска од профитот остварен во 2017 година.

Нејзината фирма мајка е „Мамас Фоод“ од Струмица која во домашната јавност е позната по две работи. Првата е дека произведува фантастичен деликатес – традиционален ајвар и втората дека е дел од бизнис групацијата на поширокото семејство на Зоран Заев. Оваа компанија лани има 4,76 милиони евра приходи и тие пораснале за речиси 13 отсто во однос на претходната година. Профитот на компанијата лани е за 10 пати поголем од претходната година и изнесува 382.000 евра.

Покрај сите бизниси во градежништвото, хотелиерството, финансиите и земјоделието, Заеви последните години инвестираа и во бизнисот со медицинска марихуана за што ВМРО ДПМНЕ ја отече јавноста со небулозни пресови за некаква нарко мафија кога токму тие ја воведоа медицинската марихуана во земјава како еден од начините да се отворат нови работни места, кога може една Америка да биде лидер на пазарот за медицинска марихуана, кога во Европа лидери се Холандија и Англија зошто и Македонија да не влезе во тој сегмент кога имаме најдобро сонце и најдобра почва за тоа?!?!

Па имаме и историја на одгледување на афион и коноп, тоа го има и во нашите песни опеано, историски сме земја за најдобар тутун во светот, значи ние сме природно преодредени за тревки што даваат малку поунакво расположение, од сите можни опојни растенија кај нас не расте само коката.

tải sunwin sunwin tài xỉu sunwin club

sunwin web sunwin.apk mới nhất tải sunwin apk

sunwin web sunwin tài xỉu game sunwin

tải sunwin apk sunwin tài xỉu sunwin

tải sunwin