Заев ја раскажа животната приказна за српски Курир: Продавав лубеници, бев заљубен во Јелена од Горњи Милановац, а првите 2,4 милиони марки ги заработив од сушени пиперки со кои пари купивме фабрика за цигли

Горњи Милановац, Србија

Премиер Зоран Заев за српски Курир ја раскажа својата животна приказна. Тој открива дека во младоста продавал лубеници, пиперки и домати на пазарот до Горњи Милановац каде што ја сретнал и првата љубов Јелена, но и дека името и првите заработени милиони му се повразани со Србија..

– Првата голема заработка 2,4 милиони марки е од црвен пипер, кој го сушевме во Струмица, и му го дадовме на „Хоргош“ за производство на сушен црвен пипер. Во 2001 година, во Суботица, преговаравме за цената, квалитетот, стандардите. Договорот падна, профитот беше 2,4 милиони марки. И со тој капитал купивме циглана – вели Заев.

Заев вели дека и како политичар нема резерви кон Србија.

– И кога ќе го прашате моето семејство од каде е создаден капиталот – тој е создаден од пазарот во Горњи Милановац и од српските фабрики. И син ми и ќерка ми го знаат тоа, а камоли постарите членови на семејството. И сега нека ми каже некој српски политичар дека Заев има резерви кон Србија – додава Заев.

Тој додава дека многу нешта се поврзани со Србија.

– Моето име е поврзано со Србија, мојата младост е поврзана со Србија, сè што направивме, целиот семеен капитал е поврзан со Србија. Првата девојка ја имав во Горњи Милановац. Убава Јелена. Ја запознав едно лето додека продаваше лубеници, пиперки, домати и краставици на пазарот во тоа место. Првиот дополнителен профит го заработив со продажба на детергент за перење алишта од Србија, и првите милиони кога продавав суви пиперки во Србија – вели Заев.

Тој додава и дека факултетот го завршил по налог на неговиот татко и чичко како и што влегол во политиката. Заев зборува и за тоа по што сака да биде запаметен.

– Македонците и граѓаните од сите други националности ќе кажат дека кога Зоран Заев беше премиер, Северна Македонија стана членка на НАТО. И се надевам дека ќе започнат преговорите со ЕУ. Исто така се надевам дека ќе разговараат за тоа како социјалната помош е зголемена за триста проценти. Значи, не три, не триесет, туку триста проценти. Како се зголеми просечната плата за 70 проценти за неколку години, како се зголемија пензиите … – вели Заев.

Премиереот открива и дека семејството е тоа што го прави богатството и дека негова пасија не се скапи коли туку моторите и музиката од екс Југославија кои го опуштаат.

Link with us
Game bài đổi thưởng